Дали на вашето лице ќе одговара кратка коса?

Дали на вашето лице ќе одговара кратка коса?

Сигурно ви се случило да го прашате вашиот фризер дали ќе ви стои кратка коса или пак, пријателите кои знаете дека ќе бидат искрени со вас. Благодарение на големиот број славни ѕвезди кои во последно време носат различни видови кратки фризури, девојките сè повеќе и повеќе го поставуваат ова прашање.

(1) Дали на вашето лице ќе одговара кратка коса?

Па, најкраткиот одговор на ова прашање е правилото од 5,5 сантиметри.

Ова магично правило било откриено од стилистот и иноватор на продукти, Џон Фрида, кој тврди дека сè е до аглите. Тој го проучувал лицето на голем број жени и открил дека аголот на коската од вилицата може да детерминира дали на одредена личност ќе ѝ стои подобро кратка или долга коса. Тој вели дека на овој резултат може да му се верува, тој е лесен и точен и може да ви помогне полесно да донесете одлука за нова фризура.

Сè што треба да направите е да поставите пенкало или молив под вашата брада, хоризонтално и да поставите линијар под вашето уво, вертикално и потоа да видите каде се спојуваат тие. Доколку се наоѓаат под 5,5 сантиметри, тогаш вие со сигурност ќе изгледате одлично со кратка коса, но ако сакате да имате долга коса – тогаш за вас најдобар избор се локните. Од друга страна пак, кратката коса не им одговара на оние кои добиле резултат над 5,5 сантиметри.

(2) Дали на вашето лице ќе одговара кратка коса?

Овој трик одлично успева со Мишел Вилијамс и Ким Кардашијан, како што можете да видите на фотографиите погоре. Исто така ако почнете подобро да истражувате, ќе најдете многу други очигледни примери, како Одри Хепберн во близина на Сара Џесика Паркер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар