Брз и лесен чоколаден десерт од само 200 калории

Експресна верзија на омилената чоколадна торта во лајт варијанта од само 200 калории по парче

brz-i-lesen-chokoladen-desert-od-samo-200-kalorii-kafepauza.mk

Потребни состојки:
Прва група:
  • ¾ шолји брашно
  • 1 шолја шеќер (кафеав или кокосов)
  • 2 полни лажици какао (незасладено)
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • ¾ лажичка сода бикарбона
Втора група:
  • 1 јајце
  • ½ шолја млеко
  • 2 лажици масло
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • ½ шола вода
Начин на подготовка:
  1. Во сад за миксирање ставете ги првата група состојки (брашното, шеќерот, какаото, солта, прашокот за пециво и сода бикарбоната).
  2. Во посебен сад измешајте ги состојките од втората група, додајте ги на првите и сето тоа добро измиксирајте го додека не добиете изедначена мазна смеса.
  3. Загрејте пола шолја вода и кога ќе зоврие додајте ја во смесата и повторно сè добро измешајте.
  4. Загрејте ја рерната на 180 степени, смесата налијте ја во калап и печете околу 30-40 минути.
Совети:
  • Тортата исечете ја на 12 парчиња и послужете ја кога ќе се олади.
  • Можете да ја посипете со чоколадо или шеќер во прав, како и со мелени лешници, и да ја прелиете со малку растопено чоколадо за готвење или да ја послужите со овошје или сладолед.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар