Безглутенска чоколадна торта со кокосово брашно

Безглутенска чоколадна торта со кокосово брашно

Таа е идеална за сите што избегнуваат пченично брашно, а сакаат благо!

Безглутенска чоколадна торта со кокосово брашно

Потребни состојки:
  • 250 грама кокосово брашно
  • 250 грама чоколадо за готвење
  • 250 грама путер
  • 200 грама кафен шеќер
  • 6 јајца
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 30 грама какао во прав
  • 200 грама млечно чоколадо
  • 750 милилитри слатка павлака
  • Кокос во прав
Начин на подготовка:

Најпрво изрендајте го чоколадото за готвење толку ситно, што ќе изгледа исто како кокосовото брашно и измешајте ги заедно. Потоа загрејте го путерот, сипете го во друг сад, па ставете му шеќер, добро измешајте и едно по едно, додавајте ги и јајцата. Кога ќе добиете хомогена смеса, додајте ги и какаото и сода бикарбоната. Повторно измешајте. На крај спојте ги смесата со кокосовото брашно и онаа со путерот и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Загрејте ја рерната на 180 степени и поставете хартија за печење во поголема тава. Сипете ја смесата во неа и печете околу 40-тина минути. Додека чекате кората да се олади, направете ја глазурата така што на тивок оган ќе ја стопите млечната чоколада заедно со слатката павлака. Прелијте ја глазурата на оладената кора, притоа внимавајќи да не се слее по краевите и просејте кокос во прав над неа. Оставете ја тортата да отстои во фрижидер за добро да се зацврсти.

Ви се допадна овој рецепт? Погледнете ја и оваа посна безглутенска чоколадна торта!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар