5 игри во врските на возрасните и како истите да ги спречите

5 игри во врските на возрасните и како истите да ги спречите

Врските помеѓу луѓето ги инспирираат не само режисерите и писателите, туку и научниците. Научникот Ерик Берне објавил книга, со наслов „Игри што ги играат луѓето“ (Games People Play), која стекнала голем број следбеници. Авторот ги опишал популарните „игри“ коишто ги играат возрасните и дава совети за тоа како да ги препознаете и да ги спречите пред да ѝ наштетат на врската.

5 игри во врските на возрасните и како истите да ги спречите

1. „Сè е поради тебе“

Замислете си сопруга која често се жали дека не постигнала многу во нејзиниот живот поради сопругот – тиранин кој не ѝ дозволува да прави ништо, дури ни да посетува часови по танцување. Интересно е што кога сопругот ѝ дозволил да оди на часови по танцување, излегло дека таа се плашела од танцувањето. Оваа игра е начин за оправдување на стравот, мрзеливоста или некоја друга причина што ја спречила сопругата да направи нешто, како посетување часови за танцување. Покрај тоа, вината што му ја префрлила на сопругот го тера да ѝ дава разни подароци и да ја охрабрува.

Што да правите?

Оваа игра ќе трае сè додека постои забраната. Во моментот кога сопругот ќе ѝ дозволи на сопругата да прави што сака, како на пример да се дружи со пријателките, сè ќе се врати во нормала. А голема е веројатноста дека нејзините пријателки се зафатени или дека таа не сака да оди никаде.

2. „Во тесно“

Замислете си дека сопругата го поканува сопругот на кино и тој се согласува. Почнуваат да се подготвуваат и одеднаш сопругата изјавува дека сопругот треба да поправи нешто. Шокиран, сопругот изјавува дека имаат финансиски проблеми, дека работи напорно и дека е само еден човек. Сопругата е навредена и му вели на сопругот самиот да оди на кино бидејќи таа не е расположена. Тој го прифаќа предлогот, но наместо во кино, оди во некој бар со пријателите. Сопругата се наоѓа во тесно – ситуација во која самата се ставила. Но, ја има можноста да го прекори сопругот бидејќи ја оставил сама.

Што да правите?

И двајцата партнери можат да ја напуштат играта. Ова е полесно за сопругата бидејќи знае дека реакцијата на сопругот е нормална на нејзината критика. И тој работи напорно, па неговото однесување е обид да привлече внимание кон тоа. Најдобро е да се согласи дека е изморен и да го одложи разговор за поправањето за друг пат. Оваа игра може да ја спречи и сопругот. Тој знае дека критиката на сопругата не треба да ја сфати сериозно. Она што таа го сака е прегратка од него. Би требало да не ѝ се противи и во тој случај и двајцата би отишле во кино.

3. „Љубена“

Оваа игра обично се одвива во јавност. Сопругот кажува приказна или фраза која ја прикажува сопругата во лошо светло и завршува со: „Во право ли сум, љубена?“ Колку понавредлива е приказната, толку полошо звучи зборот „љубена“. Сопругата е навредена, но последната реченица не ѝ дозволува да каже ништо. Таа е гневна, но нема очигледна причина за гнев бидејќи сопругот се однесува како џентлмен.

Што да правите?

Постојат 3 опции. Првата е да му дозволите на сопругот да ги кажува овие приказни, но да го замолите да не го користи зборот „љубена“ на крајот. Втората е да одговорите со: „Да, миличок“ без никакви емоции. А третата, која е најдобро да ја користите многу ретко, е да раскажете слична приказна за сопругот и да ја завршите како него.

4. „Гледаш што направив поради тебе?“

Замислете дека сопругот е целосно посветен на варосување на некоја просторија. Во тој момент се појавува неговата сопруга со прашањето: „Дали ме сакаш?“ Прашањето може да биде и друго: „Ќе ручаме ли?“ и слично. Бидејќи вниманието му е одвлечено од сопругата, тој ја истура бојата. Скандалот почнува со неговата реченица: „Гледаш што направив поради тебе?“

Што да правите?

Реакцијата на сопругот најверојатно е поради тоа што не сака да биде вознемируван кога работи нешто. Друга причина е тоа што е премногу уморен и, во овој случај, варосувањето му е здодевно. За да ја прекине играта, најдобро е сопругата да излезе од просторијата.

5. „Гледаш ли колку се трудам?“

Сопругот сака развод, но не сака да биде иницијатор. Сопругата сфаќа дека нешто не е во ред со семејството и предлага посета на психотерапевт. Сопругот се согласува, но почнува да се однесува уште полошо за да докаже дека терапијата не функционира. На крај, бидејќи сопругата не може да издржи повеќе, бара развод. Целта на сопругот е постигната, но тој не може да биде виновен бидејќи не го побарал разводот, па дури и се обидел да го спречи. Друг познат пример за оваа игра е ситуацијата кога еден од сопружниците не работи бидејќи е мрзелив. Тој, или таа, нема да ја каже вистинската причина за невработеноста, туку ќе се обиде да изгледа како да бара работа. Ова му/ѝ овозможува да каже дека дава сè од себе за да ја промени ситуацијата. Другиот сопружник ќе се чувствува виновно, па овој разговор долго ќе се избегнува.

Што да правите?

Целта на оваа игра е иницијаторот да ја префрли важноста од проблемот кон потенцијалното решение. Најдобриот совет за оваа ситуација е да не одите на психотерапевт и да не нудите помош за наоѓање работа. Вашата помош е најлесниот начин да ве манипулираат бидејќи вие ќе бидете виновни за предлогот што не функционирал.

Според Ерик Берне, најчестата игра во семејствата е првата – „Сè е поради тебе“.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашиот брак пропаѓа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар