Кои се симптомите на пролетниот умор и како полесно да се справите со нив?

Кои се симптомите на пролетниот умор и како полесно да се справите со нив?

Пристигнувањето на пролетта најчесто се поврзува со потоплите денови, но многумина во овој период се соочуваат и со поспаност и т.н. пролетен умор.

Кои се симптомите на пролетниот умор и како полесно да се справите со нив?

Пролетниот замор или пролетната летаргија е природна привремена состојба на расположение која често се манифестира со физички симптоми. Некои од најчестите симптоми се ниско ниво на енергија, замор, мрзеливост, слабост, фрустрација, неконтролирана поспаност (и покрај соодветната количина на сон), главоболки, болки во зглобовите и недостаток на мотивација.

Оваа фаза на замор според многумина е нормална и очекувана и во просек потребни се околу две недели за да се надмине пролетниот замор, а најчесто се јавува од средината на март до средината на април.

Доаѓањето на пролетта носи поубаво време и можност за повеќе активности на отворено, за вежбање, прошетка. Сепак, иако пролетта нè потсетува на будењето, може да дојде до замор. Зошто има таква промена во организмот?

Луѓето, како и сите животни, го регулираат нивото на хормоните како одговор на надворешните дразби како што се светлината и температурата. Кога надвор е студено и темно, телото го забавува метаболизмот во обид да заштеди енергија и да се заштити. Исто така, произведува повеќе хормони за спиење мелатонин, што доведува до изразена потреба за сон. Додека во пролетта, сончевата светлина предизвикува телото да произведува повеќе серотонин или хормон на активност. Температурата на телото се зголемува, крвните садови се шират и крвниот притисок опаѓа – на нашето тело му треба време да се прилагоди на физичките промени. Поради ова, многумина се соочуваат со две предизвикувачки недели на дополнителна поспаност. Во продолжение прочитајте на кој начин можете да го спречите пролетниот замор.

Поминувајте повеќе време во природа

Сончањето помага да се подобри циркулацијата на крвта и ги елиминира токсините од телото. Неопходно е и за апсорпција на калциум за коските. Истражувањата покажале дека престојот на сонце ја стимулира синтезата на витаминот Д3 во човечкото тело што може да го подобри вашето расположение и да придонесе за подобар сон.

Дишете свеж воздух

Свежиот воздух дава повеќе енергија, го зајакнува имунолошкиот систем, ги подобрува крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Доволно е да посветите неколку часа неделно на хоби како градинарство или планинарство.

Јадете свежа храна

За да го подготвите телото за пролетта, можеби ќе сакате да го зголемите внесот на овошје и зеленчук. Ова е најдобриот начин за снабдување на телото со дополнителни витамини и минерали. Сепак, пиењето доволно течности исто така треба да биде превентивна мерка – понекогаш се чувствувате уморни само затоа што сте малку дехидрирани.

Обилен појадок за забрзување на вашиот метаболизам

Мозокот користи гликоза како гориво, па затоа изберете јаглехидрати кои бавно се варат како леб од цели зрна, овесна каша и банани. Урамнотежениот појадок вклучува протеини и здрави масти кои се наоѓаат во јаткастите плодови, јајцата и јогуртот.

Хранете се здраво и не прескокнувајте оброци

Намалете ја количината на храна богата со масти, шеќер и сол. Обидете се да јадете редовно за да го одржувате нивото на енергија во текот на денот, но не прејадувајте затоа што големите оброци можат да ја исцрпат вашата енергија.

Намалете го кофеинот

Пиењето кафе е веројатно најчестиот начин да се разбудите и да останете будни, но ефектот многу брзо исчезнува. Кофеинот делува како стимуланс на централниот нервен систем преку ослободувањето адреналин, хормон кој е одговорен за брзо активирање на мозокот, но чие дејство брзо исчезнува, па на крајот одново се соочувате со исцрпеноста. Затоа, најдобро би било да намалите со консумирање кафе, црн чај и газирани пијалаци.

Откако прочитавте кои се причините за пролетниот умор, можеби ќе сакате да прочитате и рецепт за зелен пијалак за борба против пролетниот умор.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар