Чаша полна со енергија: Зелен пијалак за борба против пролетниот умор

Често зевање, безволност, брзо уморување… ова се само дел од симптомите што ги чувствуваме во периодот меѓу зимата и пролетта. Оваа состојба е позната и како пролетен умор, па доколку сакате брзо да го подигнете нивото на енергијата, притоа подобрувајќи си го и здравјето, пробајте го овој одличен рецепт!

chasha-polna-so-energija-zelen-pijalak-za-borba-protiv-proletniot-umor-www.kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 200 милилитри вода
  • 4 поголеми листови од блитва
  • 1 изрендан морков со средна големина
  • 1 исцеден портокал
  • 1 лажичка мед
  • 2 лажички лимонов сок
  • 1/2 лажичка куркума
  • Прстофат изрендано цвекло
  • Прстофат изрендан ѓумбир
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер или во соковник, добро изматете и уживајте во енергетската бомба полна со здравје! Добар апетит.

Пробајте го и ова здраво и вкусно смуди што ќе ви го намали апетитот!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар