9 реченици кои ќе ви помогнат да се справите со некултурните луѓе

9 реченици кои ќе ви помогнат да се справите со некултурните луѓе

Тешко е да не се возврати на ист начин кога некој ќе почне да ве навредува. Меѓутоа, доколку успеете да одолеете на природниот инстинкт кој ви налага да заземете одбранбен став и ако одговорите на непристојните прашања и коментари без да изгубите самоконтрола, ќе се изненадите од она што следува. Ова се 9-те реченици кои ќе ви помогнат да се справите со некултурните луѓе…

9 реченици кои веднаш ќе им го покажат местото на некултурните луѓе

1. „Благодарам“

Обичното „Благодарам“ прави чуда. Ако одговорите на нечија нељубезност со тоа што кажете „Благодарам“, ќе ѝ покажете на личноста дека не сте лути. Неучтивоста и лутината се знаци на незрел човек. Вашиот културен одговор означува дека сте ја препознале туѓата некултура и не дозволувате да влијае на вас.

2. „Го ценам твоето мислење“

Оваа реченица покажува дека сакате да го продолжите разговорот доколку другата личност покаже почит и разбирање кон вашите чувства. Ако ова не ви успее и човекот продолжи со неговото некултурно однесување, обидете се со следната реченица.

3. „Мислам дека сега треба да го прекинеме разговорот“

Ако почувствувате дека ќе избувнете и ќе почнете караница, најдобро е да го прекинете разговорот. На овој начин нема да жалите подоцна поради она што сте го кажале во афект. Освен тоа, вашот соговорник добро ќе размисли пред да каже нешто навредливо нареден пат.

4. „Зошто ми го кажуваш ова? Што сакаш да постигнеш?“

Овие прашања се многу ефективни во групни разговори кога некој се обидува да ве стави во непријатна ситуација и да ве изнервира. Ако некултурната личност добие смирен и самоуверен одговор од вас, ќе се збуни и ќе добие шанса да се покае за стореното. Благодарение на оваа реченица, ќе успеете да претворите многу разговори во возрасни дискусии кои се занимаваат со контроверзни теми.

5. „Твоите зборови ми ги повредија чувствата“

Објаснете му на соговорникот зошто не ви се допаднале неговите зборови и зошто ги повредиле вашите чувства. На тој начин, ќе се заштитите себеси од суровите и несоодветните идни коментари.

(2) 9 реченици кои веднаш ќе им го покажат местото на некултурните луѓе

6. „Во право си“

На многумина им е тешко да го прифатат туѓото мислење. Но, ако сметате дека има вистина во она што го кажал вашиот соговорник, кажете го тоа гласно. На тој начин, ќе го скратите разговорот и ќе го спречите неговиот развој во караница.

7. „Постојано имаш нешто негативно да кажеш. Сакаш да се однесуваш некултурно?“

Честопати, неучтивите луѓе не се свесни дека кажале нешто непријатно. Кога ќе го покажете вашето незадоволство од туѓото некултурно однесување, ќе го поттикнете човекот да размисли што ќе каже пред да проговори во иднина.

8. „Те сакам“

Оваа реченица може да се примени само во одредени ситуации кога вашите сакани не се расположени и решиле да се истурат на вас. Потсетете ги вашите најблиски колку ги сакате. Ќе се изненадите од тоа колку брзо ќе го променат нивниот негативен став и вашиот разговор веднаш ќе стане попозитивен.

9. Насмејте се

Искрената насмевка како одговор на нечија некултура дефинитивно ќе му го покаже местото на навредувачот. Некултурните луѓе никогаш не можат да ја предвидат ваквата реакција. Во најлош можен случај, напаѓачот ќе се повлече. Во најдобар, пак, ќе ја разбере апсурдноста на неговото однесување и ќе ви се извини.

Прочитајте и за знаењето и мудроста на Буда кои ќе ви помогнат да постапите правилно кога некој ќе ве навреди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Peroo Reply

    More ko ke mj zvika so boksoj ke vidit kultura…

Напиши одговор на Peroo Откажи одговор