5 ризици од заболувања предизвикани од маснотиите во стомакот

5 ризици од заболувања предизвикани од маснотиите во стомакот

Без оглед каде се појавуваат маснотии на вашето тело, тие секогаш предизвикуваат загриженост, особено кога се во форма на испакнатост на вашиот стомак. Ако сте жена и ако обемот на вашата половина е над 88 центиметри или ако сте маж и обемот на вашата половина е над 100 центиметри, големи се шансите да имате маснотии во стомакот. Според лекарите, тоа може да биде опасно за вашето здравје.

1. Поголем ризик од развој на дијабетес

5 ризици од заболувања предизвикани од маснотиите во стомакот

Кога вашиот црн дроб е покриен со масно ткиво како резултат на вишокот маснотии во стомакот, не успева да го обработи шеќерот во крвта доволно добро. Поради тоа, шеќерот останува во крвотокот наместо да биде обработен од црниот дроб. Тоа може да доведе до повисоко ниво на шеќер во крвта што може да предизвика дијабетес.

2. Поголем ризик од метаболички синдром

5 ризици од заболувања предизвикани од маснотиите во стомакот

Развивањето метаболички синдром е ризик со кој се соочувате кога имате поголем обем на половината. Кога имате маснотии во стомакот, може да станете склони кон развој на срцеви заболувања, дијабетес и мозочен удар. Луѓето со поголем ризичен фактор се повеќе склони кон која било од споменатите болести погоре.

3. Поголем ризик од рак

5 ризици од заболувања предизвикани од маснотиите во стомакот

Едно ново истражување покажува дека еден вид протеин што се ослободува од маснотиите во стомакот може да ги претвори неканцерогените клетки во канцерогени, што резултира со развој на тумор.

4. Поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања

5 ризици од заболувања предизвикани од маснотиите во стомакот

Докажано е дека висцералните масни клетки во абдоменот може да произведат протеини кои ги стеснуваат крвните садови, што може да резултира со висок крвен притисок. Исто така, овие протеини може да предизвикаат затнување на артериите, правејќи ги почувствителни на мозочен и срцев удар.

5. Поголем ризик од деменција

5 ризици од заболувања предизвикани од маснотиите во стомакот

Според истражувањата, жените со голема количина маснотии во стомакот имаат трипати поголема веројатност да развијат деменција. Ова најмногу е предизвикано од висцералните или од абдоминалните маснотии.

Прочитајте кои промени на јазикот укажуваат на одредени заболувања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар