Сируп од рози: Рецепт за кралски пијалак одличен за топлите денови

Розите се истакнуваат со својата убавина и мирис во бројни букети и скоро секогаш ги избираат за посебни прилики. Розите ја истакнуваат свеченоста и важноста на моментот. Но, магичната кралица на цвеќињата има и лековити својства, бидејќи нејзините кадифени листови кријат витамини како што се витамините А, Ц и Е, флавоноиди и други биоактивни соединенија. Во народната медицина се издвојува и како лек за црниот дроб и цревата, а во козметичката индустрија се користи за подобра виталност на кожата.

Во топлите денови што доаѓаат, ви предлагаме да се освежите со овој пијалак од рози, чија подготовка не бара многу време и одлични кулинарски вештини.

Сируп од рози: Рецепт за кралски пијалак одличен за топлите денови

Потребни состојки:

  • тегли
  • 40 г лимонска киселина
  • вода
  • шеќер

Начин на подготовка:

  1. Наполнете ги теглите со листови од роза до половина.
  2. Додадете ја лимонската киселина и вода до врвот.
    Покријте со чинија, но не и со капак.
  3. Оставете 10 дена на сонце. Потоа процедете.
  4. Додадете шеќер колку што има и вода.
  5. Промешајте и оставете да отстои покриено додека шеќерот не се стопи.
  6. Истурете го сирупот во шишиња и добро затворете ги.

Дополнителна информација: Користете само рози за кои сте сигурни дека не се прскани со пестициди.

Пробајте го и овој кремаст напиток од јагоди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар