Британскиот водител Монти Дон зборува за влијанието на градинарството врз менталното здравје

Британскиот водител Монти Дон зборува за влијанието на градинарството врз менталното здравје

Монти Дон е британски водител, писател и градинар кој постојано зборува за неговите проблеми со менталното здравје и вели дека градините се многу важни за негувањето на нашите души, особено во овие несигурни времиња. Тој смета дека со градинарството освен што ја негуваме природата ги храниме и нашите души.

Британскиот водител Монти Дон зборува за влијанието на градинарството врз менталното здравје

Монти Дон ги советува сите оние кои имаат градина да поминуваат повеќе време таму, да го слушаат пеењето на птиците и да уживаат во исцелителната моќ на природата. За него градините се многу важни, а сега ни требаат повеќе од кога и да било за подобра физичка и ментална состојба. За време на карантинот, повеќето од нас го поминуваат времето во своите градини и балкони, бидејќи тоа не прави да се чувствуваме поисполнето. Можеби сме ограничени во нашите домови, но убавината на природата околу нас останува единствениот спас во овие тешки времиња.

Монти Дон се бори со депресија, а после неколку години поминати со лекови, терапии, јога и поддршка од најблиските, тој сега се чувствува подобро. Сепак, вели дека ништо од ова не би функционирало ако ја немал својата градина и ако не поминувал повеќе време во природата.

Погледнете ги овиеб 10 фотографии кои ќе ве натераат да посакате да имате летниковец во дворот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар