Недоволната хидратација може да биде причина за зголемен ризик од развој на хронични болести!

Недоволната хидратација може да биде причина за зголемен ризик од развој на хронични болести!

Колку пати сте си ветиле дека ќе почнете да пиете повеќе вода? За многумина од нас навиката да внесуваме повеќе вода се сведува најчесто на ветување кон самите себеси кое на крајот не го исполнуваме. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто треба да внесувате повеќе вода во организмот? Еве што велат најновите истражувања.

Недоволната хидратација може да биде причина за зголемен ризик од развој на хронични болести!

Врската помеѓу дехидратацијата и смртноста

Најновите истражувања покажале дека пиењето доволно вода може значително да го намали ризикот од развој на хронични болести, како и ризикот од прерана смрт. Згора на тоа, научниците сметаат дека недостатокот на соодветна хидратација е една од причините за предвременото стареење на организмот.

Истражувањето, кое траело повеќе од 25 години, опфатило околу 15.000 луѓе на возраст од 45 до 65 години кои учествувале во редовни клинички прегледи за мерење на нивото на натриум во организмот(што може да ја одрази внатрешната хидратација). Кога нивото на натриум е повисоко, тоа покажува помал внес на вода.

Така, било утврдено дека оние учесници кои внесувале помалку вода имале 64% поголем ризик од развој на хронични болести како на пример срцеви болести, мозочен удар, атријална фибрилација, периферна артериска болест, хронична белодробна болест, дијабетес и деменција.

Заклучокот до кој дошле научниците е колку повеќе внесувате вода, толку е поголема веројатноста да живеете подолг и поздрав живот.

Откако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и за друго истражување според кое чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт.

Извор: mindbodygreen.com

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар