Научници откриле дека чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт!

Научници откриле дека чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт!

Доколку сте љубители на чај имаме добри вести за вас бидејќи ново истражување ја покажало можната врска меѓу редовното консумирање на овој пијалак и намалениот ризик од предвремена смрт.

Научници откриле дека чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт!

Група британски научници откриле дека оние кои редовно пијат две или повеќе шолји чај, во споредба со оние кои воопшто не го консумираат, имаат помеѓу 9 и 13% помали шанси за прерана смрт. Згора на тоа, резултатите покажале дека на овие бројки не влијае фактот дали во чајот се додава млеко или шеќер, ниту пак на кој температура се пие.

Во истражувањето учествувале половина милион луѓе од Обединетото Кралство на возраст од 40 до 69 години, од кои 85% изјавиле дека редовно пијат чај. Дури 89% од нив изјавиле дека консумираат црн чај. Истражувањата покажале дека црниот чај, еден од најпопуларните чаеви во Европа, може значително да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести.

Чајот можеби и не е единствената причина за намалената смртност, но резултатите се повеќе од очигледни. Така, минатата година било откриено дека пиењето чај или кафе може да го намали ризикот од деменција и од мозочен удар, така што ова не е прво истражување кое ги докажало корисните својства на овој пијалак.

Откако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто секојдневно треба да консумирате мача чај.

Извор: theguardian.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар