Промени на јазикот кои укажуваат на одредени заболувања

Според кинеската медицина, на јазикот е испишана состојбата на нашиот организам. Тој е најсилниот мускул во човековото тело и е одговорен за вкусот како и за подготовка на храната за џвакање. Токму затоа доколку внимателно го проучите, тој може да ви покаже дали можеби има некаков проблем со вашето здравје…

Промени на јазикот кои укажуваат на одредени заболувања

1. Нормалниот јазик е розов, без траги од заби или промена на бојата со јасен слој кој покажува правилно лачење на плунката.

2. Тенкиот бел површински слој со видливи траги од заби и неколку црвени точки врз него може да укажува на недостаток на витална енергија на телото која предизвикува умор, лош апетит и претерано потење. Таа се манифестира и на расположението така што овие личности се секогаш загрижени и нервозни.

3. Тенкиот жолтеникав слој на средината од јазикот кој е опкружен со црвена површина укажува на проблеми со тврдата столица, дехидрација и одредени кожни болести. Оваа состојба многу често се манифестира и со променливо расположение.

4. Масниот бел слој и оштетените рабови на јазикот укажуваат на нерамнотежа во дигестивниот систем и склоност кон насобирање вода во организмот. Личностите со овој проблем често се чувствуваат како да се без енергија.

5. Црните точки на виолетова површина укажуваат на некаков застој во крвта во оние делови од телото кои можат да предизвикаат проблеми со вените, главоболка, болка во градите и кожа без сјај.

Промени на јазикот кои укажуваат на одредени заболувања

6. Тенкиот бел слој и црвениот врв на јазикот укажуваат на организам кој е постојано изложен на стрес предизвикан од нестабилна емоционална состојба. Енергијата во телото се насобира во јазли кои предизвикуваат процеси на воспаленија.

7. Црвениот јазик со жолти дебели наслаги по средината од површината укажува на зголемена телесна температура и можна инфекција на уринарниот тракт, како и на проблеми со кожата. Личностите со овие проблеми често се лутат и не се чувствуваат удобно во своето тело.

8. Густиот бел слој по средината на површината на блед и отечен јазик укажуваат на инфекција или пак, воспаление поврзано со некоја автоимуна болест или недостаток на витамини и минерали. Оваа состојба предизвикува блед тен, болка во ‘рбетот и чувство кое се граничи со паника.

9. Пукнатините на црвената површина на јазикот укажуваат на габична инфекција во телото која ја следи ноќно потење, несоница и иритација.

10. Јазикот чија површина е бледа и без наслаги укажува на намален проток на крвта во телото и анемија која може да предизвика вртоглавица и умор. Личностите со оваа состојба патат од недостаток на концентрација и намалено помнење. Кај жените оваа состојба на јазикот може да биде знак и за хормонално нарушување.

Промени на јазикот кои укажуваат на одредени заболувања

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар