Мока лате за љубителите на здравиот живот

Едноставен рецепт, погоден дури и за оние што не консумираат лактоза

Потребни состојки:
  • 230 милилитри филтер кафе, оставено да отстои во фрижидер преку ноќ
  • 230 милилитри оладено кокосово млеко од конзерва
  • 1 супена лажица какао во прав
  • 1 супена лажица мед (дозата може да се менува по ваш вкус)
  • 1/2 кафена лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:

Ставете ги кокосовото млеко и кафето во блендер, па почнете да матите на ниска брзина и постепено покачувајте до највисока брзина. Матете на висока брзина околу 30-тина секунди. Потоа додајте ги останатите состојки и продолжете со матење. Повторно почнете од ниска брзина и зголемувајте до највисока, па задржете се таму 15-тина секунди, односно сè додека состојките не се целосно комбинирани. Сипете го кафето врз лед и уживајте!

Дополнителен совет: Ако сакате да направите топло мока лате, тогаш користете топли состојки. Исто така, по додавањето на какаото во прав и медот, матете 2-4 минути.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар