12 положби за фотографирање благодарение на кои вашите нозе ќе изгледаат многу послабо

12 положби за фотографирање благодарение на кои вашите нозе ќе изгледаат многу послабо

Сте се запрашале ли некогаш како одредени славни ѕвезди секогаш изгледаат витки на фотографиите иако реално знаете дека тие не се толку слаби? Постојат неколку трикови со кои секоја од вас може да создаде илузија дека имате послаби нозе на фотографиите. Погледнете како да го сторите тоа…

1. Невидлива затегната жица

(1) 12 положби за фотографирање со чија помош вашите нозе ќе изгледаат многу послабо

Како да ја направите: Додека одите, движете ги вашите нозе исто како да треба да одите на затегната жица (иако треба да стоите во место).

Колку природно изгледа на скала од 1 до 10: 4. Не е многу чудна, но дефинитивно изгледа малку неприродно.

Познати ѕвезди кои ја практикуваат: Кендал Џенер, Жизел, Кери Вашингтон

2. Нозе во форма на машна

(2) 12 положби за фотографирање со чија помош вашите нозе ќе изгледаат многу послабо

Како да ја направите: Свртете ги прстите на нозете навнатре сè додека не се почувствувате малку чудно, но внимавајте да не претерате и да заличите на луда балерина. Застанете таму.

Колку природно изгледа на скала од 1 до 10: 6. Но, поголемата грижа е луѓето да не помислат дека имате криви нозе.

Познати ѕвезди кои ја практикуваат: Катрина Боуден, Кристин Кавалари.

3. Триаголникот на Бијонсе

(3) 12 положби за фотографирање со чија помош вашите нозе ќе изгледаат многу послабо

Како да ја направите: Раширете ги нозете колку што е можно повеќе со цел да ја доловите оваа позиција.

Колку природно изгледа на скала од 1 до 10: Па, не многу природно…

Познати ѕвезди кои ја практикуваат: Бијонсе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар