11 нешта за коишто жените мора веднаш да престанат да се грижат!

Жените живеат под голем притисок поради очекувањата од околината, мислите на оние околу нив или грешките што ги направиле во минатото. Тие се под притисок и да изгледаат „совршено“ според најновите трендови за убавина, како и да бидат женствени во секој поглед. Време е да заборавите на овие притисоци и да се посветите на себе! Во продолжение прочитајте за што треба уште веднаш да престанете да се грижите за да можете да живеете исполнет живот.

11 нешта за коишто жените мора веднаш да престанат да се грижат!

1. Мислењето на другите за вас

Зошто се грижите за туѓото мислење? Тоа воопшто не треба да допира до вас. Ако вашиот живот е исполнет и целосен, многу лесно ќе ви стане да престанете да се грижите.

2. Очекувањата на општеството за вас

Заборавете на тоа што општеството го вели дека жените треба да го прават! Тоа што вие го правите, е ваша одлука. Не се важни туѓите очекувања, туку задоволството од сопствениот живот.

3. Мажот што ви го скршил срцето

Без разлика дали сте добиле неочекувано раскинување или пак, не се однесувале кон вас со почит, време е да продолжите понатаму. Тој не ве заслужува, а сигурно ви е и подобро без него!

4. Да изгледате женствено

Бидете „женствени“ само ако на тој начин се чувствувате убаво. Едноставно нема поента да се обидувате да бидете нешто што не сте. Ако сте жена, вие одлучувате што значи да се биде дама.

5. Грешки во минатото

Минатото понекогаш може да биде грдо и непријатно, но тоа е одамна завршено. Со оглед на тоа што ништо не можете да промените, нема потреба да се навраќате постојано наназад.

6. Мода и стандарди за убавина

Не плашете се да кршите одредени правила (можете дури да ги скршите и сите!). Носете облеката од баба ви во која уживате, мешајте бои ако ви се допаѓаат… Кој има време и енергија да ги следи сите трендови во светот на модата? Создајте свој изглед и бидете горди на него.

7. Што ако…

Можеме цел ден да размислуваме за илјадниците „Што ако…“ во нашиот живот или да станеме, да бидеме продуктивни и да направиме нешто што ќе нè подобри како луѓе!

8. Каења, грешки и неуспеси

Луѓе сме, на сите ни се случува. Лесно е да посакате да се вратите низ времето и да смените нешто, но понекогаш треба да направите грешки за да научите важни лекции.

9. Стареење

Сите стареат, но трикот е да не дозволите да бидете дефинирани од вашата возраст. Тоа е број што не треба да има никакво значење за вас како личност.

10. Нешта што сите други ги прават

Луѓето што се запомнети во овој живот се оние што не ја следеле толпата. Тие си ги правеле нештата на свој начин и не се плашеле да преземаат ризици.

11. Луѓе што не се грижат за вас

Ако луѓето ве третираат лошо или не се грижат за вас, верувајте ни, не ви требаат во вашиот живот. Не губете го времето на нив, бидејќи никогаш нема да се променат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар