Зошто жените сакаат мажи што читаат?

Читањето книги е забавна и релаксирачка активност. Вистинско задоволство е да се види како луѓето читаат, а уште поубаво е кога мажите го прават тоа. За оние што читаат важно им е и партнерот да го прави истото. Всушност, кој не би сакал одвреме-навреме да се изгуби во добра книга?

Жените ги искажуваат нивните мислења на тема дали би биле во врска со некој што не чита и има доста различни одговори! Прочитајте ги нивните изјави во продолжение.

1. Тој треба да чита, но не е пресудно за прекинување на врската ако не чита

„Ако тој има други интелектуални занимања и знае доста работа за кои може интелигентно да зборува, би можела да простам ненаклонетост кон литературата. Но, само за повремено гледање, а не за обврзување со него.“ – Ангела, 31

„Преферирам да излегувам со некој што не чита отколку со некој што чита многу ужасен материјал.“ – Кендис, 25

„Ако тој не преферира да чита поради тоа што е зафатен/активен, тогаш е во ред. Читањето е одлично кога имате време за него, искрено. Повеќе би сакала да се движам и нешто да правам. Но, читам кога сум внатре или кога патувам. Нема да бидам импресионирана ако мојот партнер каже дека не чита бидејќи тоа е досадно.“ – Џен, 36

„Убаво би било да имате некој што сака да ги чита книгите што вие сакате да ги читате и да разговарате за нив. Но, постојат многу други работи за кои можете да имате заеднички интерес. Ако постојат други нешта кои ви се заеднички тоа не е причина за прекин, но е голем плус.“ – Миеко, 38

„Имам некои измешани ставови за ова. Некогаш мислев дека никогаш не би можела да бидам со некој што не сака да чита како што сакам јас. Сите мои партнери уживаа во читањето иако не го правеа тоа колку мене. Имам неколку блиски пријатели што се добро информирани и одлични соговорници/интелектуалци и читаат доста онлајн, но не се навлезени во книгите и не сакаат да читаат фикција. Одлучив да имам послободно мислење на оваа тема.“ – Беки, 30

2. Тотална причина за прекинување на врска

„Ми се чини дека парафразирам некој друг, но ако отидете кај некој маж дома и тој нема никакви книги, тогаш бегајте.“ – Сара, 40

„Ноќта кога го сретнав мојот сопруг завршив кај него дома. Тој имаше две големи полици со книги во дневната. Се гледаше дека тој ги читал по неколкупати. Ова многу ме привлече.“ – Ана, 30

„Мора да ги сака книгите (кучињата опционално). Би била ужасната ако некој ми суди поради недостатокот на книги. Имав многу полици со нив, но намерно ја намалив колекцијата и зачував само неколку, а останатите ги дадов или ги продавав кога ќе ги прочитам. Интелект и љубопитност – тие се најважни. Секако и разговорот.“ – Керин, 30

„Има нешто необјасниво секси кога некој маж чита во подземна железница.“ – Александра, 24

„Луѓето во мојот живот мора да читаат на некој начин. Ако не се тоа романи, во случајот со мојот дечко, тоа се книги за пиво и случајни онлајн статии, но желбата за учење е присутна!“ – Мел, 28

3. Маж што не чита е непристоен

„Излегував со маж којшто не читаше и немаше мобилен телефон. Тој го пропушти умирањето на неговата баба што беше на смртна постела токму поради ова, и не читаше. Чекајте, тој има колекција на книги за сериски убијци, но освен тоа никогаш не сум го видела да чита нешто друго.“ – Ренди, 38

„Неодамна бев на состанок со маж кој ми рече: ‘Никогаш не читам романи и никогаш нема да го правам тоа. Јас сум романописец.’“ – Ирис, 27

Дознајте и зошто на вашиот мозок му е потребно секојдневно читање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар