Земјата на слободните: Ако отидете во оваа држава, ќе се разбудите во 2562 година!

Земјата на насмевки, остварени тропски митови, шарени џунгли, привлечни племиња, полиња со ориз, големи кралски градови, кујна со хармоничен вкус, традиционална масажа, со мост на реката Квај. Некогашниот Сијам, денес Кралството Тајланд е држава во југоисточна Азија, и е една од најпосакуваните туристички дестинации во светот.

Името Тајланд, на тајландски јазик е Пратет Тај, што во превод значи „Земја на слободните“.

Запознајте ја земјата на слободните: Ако отидете во оваа земја ќе се разбудите во 2562 година!

Календар

Тајланд времето го пресметува по свој систем и си има сосема различен календар. Тајландскиот сончев календар го вовел кралот Рама V во 1888 година, и започнува од нулта година, која била 543 година п.н.е. – денот кога Буда починал. Со други зборови, моментално на Тајланд е 2562 година, па според ова може да се каже дека одењето во Тајланд е патување во иднината.

Новогодишна ноќ

Доколку го посетите Тајланд околу април, можеби ќе имате прилика да учествувате во големата и многу важна прослава, позната под името тајландски фестивал на водата, кој го означува почетокот на новата година. Најпрепознатливиот дел од овој фестивал е полевањето на луѓе со кофи и пушки на вода.

Самут Пракан – антички град со неверојатни градби

Овој антички град има 320 хекрати преубави градини, вода и античка архитектура. Самиот град е мини реплика на целата земја и ги претставува најважните градби и згради. Постојат над 116 споменици кои се поставени на одредени географски положби со ист дизајн. Главната идеја за изградба на овој град била да се сочува автентичната и богатата тајландска култура за наредните генерации. Една од најимпресивните градби е Сумеру, која е заштитена од џиновската риба Ананд.

Пазар на сред улица

Ова може да се нарече забава за најхрабрите. На ова место можете да купете свежо овошје и зеленчук, но она што го прави посебно е самата локација. Пазарот се наоѓа веднаш до железничката пруга. Неколкупати дневно возот директно поминува низ пазарот, а во тие ситуации, продавачите само ја поместуваат својата роба, па откако возот ќе замине, тие повторно продолжуваат со работата.

Тост во боите на виножитото

Во Тајланд можете да пронајдете храна со многу необичен изглед. Тостот со боите на виножитото е посебно интересен за туристите. Станува збор тост со сирење на кое му е додадено боја, па така добивате многу вкусен оброк кој создава интересни слики за на Инстаграм.

Погледнете го и овој неверојатен бел храм во Тајланд што ги претставува рајот и пеколот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар