3 астролошки апликации од кои може да научите за вашата натална карта, а ќе ве изненадат со точноста

3 астролошки апликации од кои може да научите за вашата натална карта, а ќе ве изненадат со точноста

Сакате астрологија и сте голем фан на хороскопот? Ако сте одлучиле целосно да се посветите на проучување на Зодијакот, во кој хороскопски знак патува месечината и слично тогаш сигурни сме дека овие апликации се вистински погодок за вас. Пред да ги симнете имајте предвид дека треба да ви се познати точното време, датум и локација на вашето раѓање бидејќи наталната карта се изработува прецизно со помош на овие податоци.

1. TimePassages

Оваа апликација нуди инстант астролошка анализа на вашата натална карта – карактеризирајќи визуелна карта со интерпретација и листа од астролошки аспекти и алатка за дневен хороскоп којшто го толкува вашиот индивидуален датум на раѓање заедно со моменталните астролошки преминувања што се случуваат во моментот.

Не станува збор за нешто што го гледате секојдневно, хороскопот е типично повеќезначен бидејќи ви се потребни точното време, датум и локација на раѓање за прецизна проценка.

Негативната страна е дека има мала цена – доколку ја купите со неограничени карактеристики за еднократна цена ќе имате опција да правите астроанализи на членовите од вашето семејство, пријателите и романтичниот партнер со цел да проверите дали сте компатибилни.

2. Co-Star Personalized Astrology

Хороскопот во оваа апликација е лесен за користење споредено со претходната апликација. Оваа е помодерна и корисна за генерациите родени во 80-тите и 90-тите поради многубројни причини.

За почетниците, визуелните интерпретации се полесни за разбирање и ажурирањата на хороскопот имаат интересни секции како на пример Моќ, Притисок и Неволја. Ова им овозможува на корисниците да разберат што би можеле да очекуваат од некои предизвици. Некои луѓе не се запознаени со астролошка фразеологија, а да не зборуваме за значењето на спојувањата. Поради тоа се препорачува оваа апликација што е корисна за сите што се почетници кога е во прашање астрологијата.

3. AstroWorx Astrology

Ако сте љубител на хороскопот мора да ја имате оваа апликација. Оваа е малку покомплицирана од „TimePassages“, но не е ниту блиску до „Co-Star“. Картите се разнобојни – секоја боја се однесува на засебен астролошки елемент и карактеристиките се одлични. За цена од 9.99 американски долари корисниците може да употребуваат различни домашни системи, да комбинираат натални карти со компаративни извештаи, па дури и да го прочитаат нивното соларно враќање. Не се двоумете дали да ја симнете ако сте загрижени за терминологијата и нивото на читливост. Ако не сте сигурни што значи нешто ќе можете да го пребарате онлајн. Нема да зажалите доколку ја симнете.

Погледнете ги и овие интересни апликации за љубителите на уметноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар