Совршени идеи за лесен појадок: Овие 3 рецепти за салати се вистинско откритие

Разбудете се со зеленчук, голема доза протеини и шарени чинии за стопроцентно одличен почеток на денот. Би сакале да јадете салати за појадок? Тие се вистинско откритие за поубаво утро. Во продолжение ќе ви претставиме рецепти за 3 видови салати кои можете да ги подготвите кога вам ви одговара најмногу.

1. Медитеранска салата за појадок

Потребни состојки:
  • 2-4 јајца
  • 200 грама рукола
  • 300 грама свежи шери домати (преполовени)
  • 1/2 свежа краставица (исечкана)
  • 180 грама сварена киноа
  • 1 авокадо
  • 110 грама бадеми или други јаткасти плодови (исечкани)
  • 1/2 лажица зачини по избор (копар, нане, босилек, оригано)
  • 1 лимон
  • Маслиново масло
  • Сол, бибер
Начин на подготовка:

Прво сварете ги јајцата. За да бидат меко варени прво загрејте ја водата до вриење, а потоа намалете го огнот и ставете ги јајцата да се варат 5-6 минути. Тргнете ги од огнот и прелијте ги со ладна вода за да го спречите понатамошното варење. Потоа излупете ги. Во голем сад измешајте ги руколата, шери доматите, краставицата и киноата. Прелијте со малку маслиново масло, зачинете и повторно измешајте. Салатата можете да ја распоредите во 4 чинии (или 2 поголеми). Додајте ги претходно исеченото авокадо, јајцата исечкани на половина од зачините по избор. На крајот додајте уште и сол и бибер по вкус, како и исцеден лимонов сок и уште малку маслиново масло.⁠

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Camille Styles (@camillestyles) on

2. Слатко-солена салата

Потребни состојки:
  • 2 мали слатки компири (или 1 поголем) исечкани на мали парчиња
  • 300 грама салата по избор
  • 1 лажица кокосово масло (или друго по избор)
  • 3 лажици лимонов сок
  • 1 лажица маслиново масло
  • 100 грама боровинки
  • 1 средно авокадо
  • 4 лажици хумус
  • Сол, бибер, исечкан магдонос
Начин на подготовка:

Загрејте поголема тава на оган со средна температура. Кога ќе се загрее додајте ги маслото, компирот, солта и биберот и измешајте. Распоредете ги во еден слој за да се зготват рамномерно и ставете го капакот за да не испарува. Варете 3-4 минути. После тоа свртете го компирот за да бидете сигурни дека ќе се зготви рамномерно. Ако пребрзо потемни, намалете ја температурата. Продолжете да готвите додека компирот не добие златно-костенлива боја од двете страни – отприлика 10-15 минути. Во меѓувреме подгответе го преливот од лимонов сок, маслиново масло, сол и бибер. Сè тоа треба да се соедини со лажица или ако сте го ставиле во стаклена тегла – убаво да се промеша. Послужете така што ќе ја распределите салатата во чинии и на врвот ќе ги додадете печениот сладок компир, боровинките, авокадото, хумусот и магдоносот. Се послужува со преливот од страна. Остатоците може да се чуваат 2-3 дена (одвоени од преливот) иако најдобро е да бидат свежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MINIMALIST BAKER (@minimalistbaker) on

3. Салата со кајгана и боровинки

Потребни состојки:
  • Маслиново или кокосово масло
  • 2 јајца + 4 белки
  • 25 грама боровинки
  • 1/4 лажица цимет
  • 1/4 лажица сол
  • 1 лажица босилек
  • 1 лажица исечкани ф’стаци
  • Чили или лут сос по желба
  • Рукола
Начин на подготовка:

На загреана тава ставете малку масло по избор. Јајцата изматете ги во сад и додајте ги во тавата, па пропржете. Додека јајцата уште се меки додајте ги боровинките за да се загреат и да почнат да се распаѓаат. Додајте малку сол и цимет. Откако јајцата ќе се спржат додајте ги и исечените ф’стаци во тавата. На крајот додајте ги босилекот, биберот, чилито или лутиот сос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brittany Mullins (@eatingbirdfood) on

Научете го и овој освежителен рецепт за здрав сладолед од јагоди.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар