5 алтернативни начини за пренамена на детската облека што децата ја надраснале

5 алтернативни начини за пренамена на детската облека што децата ја надраснале

Децата растат многу брзо и поради тоа речиси секоја сезона им треба нова облека. Како што купувате нови алишта, старите остануваат во плакарот, во подрумите или на таванот подолго отколку што треба. Старата облека не само што зафаќа дополнителен простор туку не може повеќе да се користи бидејќи е мала и износена. Наместо да ги оставите да стојат и да зафаќаат непотребен простор во вашиот дом, ние ви даваме идеи што би можеле да ги употребите за да ѝ најдете нова намена на старата детска облека.

1. Донирајте ја

Донирајте ја облеката во некоја добротворна организација, иако тоа изгледа многу полесно да се каже отколку да се направи. Донирањето подразбира планирање и перење. Најпрво одберете која облека ќе ја донирате, сортирајте ја и откако ќе ја исперете ќе треба да одлучите каде ќе ја однесете. Можеби облеката ќе разбуди кај вас сентиментални чувства, на пример некое парче облека ќе ве потсети на првиот ден од тргнување на училиште или некој посебен настан од животот на вашето дете. Оставете настрана некои од тие парчиња доколку не можете да се одделите од нив, но ограничете се на мал број. Потоа купот од облеката што сте ја испрале и исушиле убаво здиплете го. Ви останува само да закажете погоден датум кога ќе го направите донирањето.

2. Направете уникатни рачни чанти

Трансформирањето на несаканите материјали во производи што ќе вредат е добро за вашата средина и за вашиот џеб. Старите детски маички имаат совршена големина за да се направат рачни чанти – сè што ви треба се само еден пар ножици.

Маичката со кратки ракави се здиплува на половина, а ракавите треба да се во рамна една линија. Пресечете ги ракавите заедно. После тоа пресечете го деколтето и формирајте широк отвор за чантата оставајќи доволно материјал за рачките. Пресечете отвори во ширина на палецот од почеток на долниот дел од маичката и потоа врзете ги во јазли формирајќи ја основата на чантата. Како алтернативна опција е да го прескокнете кратењето на отворите и наместо тоа сошијте го долниот дел од маичката за да ја направите основата. Завртете ја наопаку и новата чанта е готова. Помладите деца можат да употребат некои креативни начини со цртежи, а постарите можат да прикачат некои апликации со помош на пегла.

3. Претворете ја маицата во покривач полн со спомени

Ако ви оди шиењето тогаш имаме уште една супер идеја за правење на покривач. Ова е одлична идеја за тие што се сентиментално поврзани со облеката. Колку повеќе растат вашите деца толку повеќе маички се собрани од учество во различни активности. Пресечете ги сите испрани и исушени маички во квадрати зачувувајќи ги деталите од напред и средина. Применете техника за правење покривки, а доколку не сте многу вешти во тоа изгледајте видеа кои ќе ви помогнат за да ги научите основните техники. Ваквиот покривач ќе биде одличен подарок за да се одбележат посебните моменти од животот на вашите деца.

4. Зачувајте ги хартиените крпи со помош на крпи за повеќекратна употреба

На домот секогаш му треба чистење, а старите алишта ќе ви се најдат! Облеката направена од памук ќе ви послужи да направите крпи за миење и бришење. Детските алишта од полиестер се корисни за да ги претворите во крпи за бришење прашина. Со остри ножици од материјалот формирајте си ја посакуваната големина и должина на крпите за бришење.

5. Претворете ги кошулите во прекривки за сушење коса

Нема полесно од сечењето на стара кошула или блуза и нејзиното наменување за сушење на косата. Ваквите блузи се многу покорисни за сушење на косата без употреба на фен, а тие се и подобра опција отколку да ја завиткате во обичен пешкир за бањање. Впрочем, многу е полесно да ја завиткате косата во ваква блуза отколку во пешкир за бањање.

Погледнете ги и овие креативни идеи што ќе ви се најдат за следното реновирање на домот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар