Неверојатен бел храм во Тајланд што ги претставува рајот и пеколот

Ват Рон Кун или познат како белиот храм во Тајланд е изграден со многу едноставна идеја. Креаторот Чалермчаи Коситпипат сакал да го создаде најубавиот храм на светот. Без сомнение, секој што ќе зачекори во него ќе биде импресиониран.

Неверојатен бел храм во Тајланд што ги претставува рајот и пеколот

Кога стоите пред храмот, соочени сте со грст очајни раце. Според будизмот, ова е пеколот – бескрајната бездна од човечки желби. Штом ќе го поминете мостот над „пеколот“, ќе ве пречекаат статуи на чуварите на рајот. Оттука веќе нема враќање, буквално. Единствениот пат е напред и ако се обидете да се вратите чуварот ќе почне да ви вика. Поминувањето на мостот од „пеколот“ до „рајот“ го симболизира будистичкото просветлување.

Неверојатен бел храм во Тајланд што ги претставува рајот и пеколот

Се разбира, нема да уживате во храмот доколку не ја знаете приказната на неговиот креатор. Чалермчаи бил роден во Чианг Раи каде што студирал уметност. Неговите рани дела вклучуваат храмови во таи будистички стил. Но, во Тајланд неговите дела се сметаат за контроверзни поради мешавината од модерни културни симболи и традиционална тајландска уметност.

Неверојатен бел храм во Тајланд што ги претставува рајот и пеколот

Тој низ својот живот живеел во Шри ланка и во Лондон каде ги продавал неговите дела, а одржувал и изложби низ Европа и Азија. Потоа се вратил во својот роден град за да работи на храмот кој тогаш се распаѓал. До денес потрошил над милион евра негови пари за овој проект, но прима и донации.

Неверојатен бел храм во Тајланд што ги претставува рајот и пеколот

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар