Зошто не треба да седите зад воланот во зимска јакна или палто?

Зошто не треба да седите зад воланот во зимска јакна или палто?

Холандскиот автомобилски клуб „ANWB“ ги повика возачите и патниците да ги соблечат своите дебели јакни и палта додека се во своите автомобили. Во спротивно, тие ризикуваат да се здобијат со сериозни повреди во случај на несреќа.


Зошто не треба да седите зад воланот во зимска јакна или палто?

Предупредувањето доаѓа откако „ADAC“ ги објави резултатите од своето истражувањето.

„Дебелото палто не само што ве ограничува во возењето, туку претставува и друг сериозен ризик. Ова го покажаа најновите тестови на несреќа. Симулирана е ситуација во сообраќајот во која возрасна и детска кукла во зимска облека биле врзани со сигурносен појас во автомобил“, објаснува Маркус ван Тол од „ANWB“.

Тешки повреди

„Поради зимската облека, има простор помеѓу појасот и телото, така што појасот го сече стомакот длабоко во моментот на сопирање или удар. Ова може да предизвика повреди на меките ткива, како што се цревата, црниот дроб и слезината или да доведе до внатрешно крварење“, додава Маркус ван Тол.

Поради тоа, ризикот за повреда на органите е помал ако појасот се наоѓа поблиску до телото.

„Препорачуваме да ја соблечете јакната или да ја облечете преку појасот. Исто така, децата треба да бидат врзани на овој начин. Ако ви е ладно, секогаш можете да го засилите греењето“, заклучуваат холандските експерти.

Погледнете ги овие трикови за автомобилот што ќе го направат секое возење попријатно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар