Еве што навистина значат емотиконите кои најчесто ги користиме

Еве што навистина значат емотиконите кои најчесто ги користиме

Комуникацијата во денешниот свет може да биде навистина збунувачка. Имаме можност да користиме зборови – да бидеме учтиви и елегантни или да се послужиме со некои неверојатни емотикони преку кои ќе ги искажеме нашите чувства.

Еве што навистина значат емотиконите кои најчесто ги користиме

Дали постои подобар начин да му кажете некому дека сте возбудени без да ги искористите епските емотикони? Не. Но, со толку многу опции и толку случајни емотикони, што всушност кажуваме со нив? Уште поважно, дали ги користиме вистинските за да ги опишеме нашите чувства? За да се погрижите дека правилно се изразувате, прочитајте што навистина значат најпопуларните емотикони, како и некои од оние кои се чудите од каде се појавиле.

1. „Лице со солзи радосници“

Еве што навистина значат емотиконите кои најчесто ги користиме

Овој емотикон, често се користи за да опишат солзи радосници или екстремно смеење. Интересно за него е тоа што во 2015 бил толку популарен што Оксфордскиот речник го прогласил за збор на годината, иако всушност е пиктограф.

2. „Насмеано лице со насмеани очи“

Еве што навистина значат емотиконите кои најчесто ги користиме

Постојат многу различни насмеани емотикони, но овој е малку поразличен од другите. Станува збор за лице кое има румени образи, затворена уста и искажува чувство на вистинска среќа.

3. „Уморно лице“

Еве што навистина значат емотиконите кои најчесто ги користиме

Овој емотикон може да се користи кога едноставно не можете да издржите повеќе. Всушност со него вие кажувате дека сте се откажале од тоа што моментално го правите и дека време е да си одите дома.

4. „Засрамено и навредено лице“

Еве што навистина значат емотиконите кои најчесто ги користиме

Овој емотикон е одличен за оние моменти кога се чувствувате толку лошо што повеќе не можете да ги задржите чувствата во себе. Вие само што не сте заплакале и едноставно потребно ви е да заминете на вашето среќно место.

5. „Лице со широка насмевка и насмеани очи“

Еве што навистина значат емотиконите кои најчесто ги користиме

Да не биде помешано со неговиот чуден роднина „Лице со гримаси“, овој емотикон има забележително различни очи. Тие се наречени „насмеани очи“ и кажуваат дека сте многу среќни и задоволни.

6. „Лице без уста“

Еве што навистина значат емотиконите кои најчесто ги користиме

Ако го користите овој емотикон, нешто дефинитивно не е во ред. Најмногу поради неговото значење кое најдобро би се опишало преку изјавата: „Замислете ги нештата што ќе ги кажеше ако имаше уста.“ Зачувајте го ова за исклучителни ситуации.

7. „Лице кое бакнува со затворени очи“

Еве што навистина значат емотиконите кои најчесто ги користиме

Ги забележувате румените образи? Тоа значи дека со овој емотикон се покажува интимност и љубов.

8. „Насмеано лице со очила за сонце“

Еве што навистина значат емотиконите кои најчесто ги користиме

Вие сте премногу кул и сите треба да го знаат тоа.

9. „Лице за информации“

Еве што навистина значат емотиконите кои најчесто ги користиме

Овој емотикон има малку поинакво значење од значењето на кое укажува името. Па затоа и најдобро може да се искористи кога сте саркастични или кога сакате да откачите некого.

10. „Јапонски гоблин“

Еве што навистина значат емотиконите кои најчесто ги користиме

Овој емотикон е дел од оваа листа само поради тоа што навистина ретко кој знае што навистина значи.

Според јапонското будистичко вајарство, овие се планински и шумски гоблини, кои имаат шинто и будистички значења. Нивните натприродни моќи вклучуваат промена на формата во човечка или животинска, способност да зборуваат со луѓето без да мрдаат со усните, магични можности да се пренесуваат од место во место без да ги мрдаат крилата, како и магично да се појавуваат непоканети во човечките соништа.

Продолжете на следната страна за значењето на останатите 10 емотикони…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар