Прекрасни колажи од фотографии го илустрираат минувањето на времето во светските метрополи

Од 2013-та година па сè до денес, фотографот и графички дизајнер Ден Маркер Мур го проследил минувањето на времето во градовите низ светот преку неверојатни „временски ленти“ – колажи изработени од дигитално споени индивидуални фотографии направени со повеќечасовна разлика. Како што секоја лента претставува различен период, така прекрасните фотографии во целост ја илустрираат трансформацијата на денот во ноќта преку градиенти, степени, суптилни движења и трепкањето на градските светла.

Шангај: 65 фотографии, 1 час и 53 минути

„Направив доста фотографии стоејќи на едно место и визуализирајќи како би изгледала една временска лента во одредена локација. Единствената пречка е временската прогноза која понекогаш тешко може да се предвиди“, објаснува Ден, дополнувајќи дека обично прави до 1.000 фотографии за една лента.

Хонгконг: 150 фотографии, 56 минути

Хонгконг: 150 фотографии, 56 минути

„Обично се потребни повеќе обиди пред да направам една лента. Експериментирам со тоа колку ленти ќе монтирам и која ќе биде нивната насока, како и на кој временски сегмент ќе се наоѓа фокусот. Ќе завршам со неколку фотографии и ќе ја уредам најдобрата. Понекогаш тоа може да биде брз процес, но често се потребни неколку дена за да се добие посакуваниот резултат“, продолжува тој.

Лондон: 48 фотографии, 1 час и 36 минути

Лондон: 48 фотографии, 1 час и 36 минути

Во овие 3 години, Ден направил временски ленти од Лос Анџелес, Њујорк, Шангај, Хонгконг, Лондон, Амстердам, Токио, Чикаго, Торонто и други метрополи. За секој град кој ќе го посети, Ден сака да направи една временска лента како начин да ја зачува меморијата од новите места во кои патувал.

„Ги сакам градските пејзажи. Тие се одличен мотив за правењето временските ленти, како што сонцето заоѓа и се палат градските светла“, вели Ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар