Зошто Финска е најсреќната земја во светот?

Зошто Финска е најсреќната земја во светот?

Истражувањето кое имало за цел да открие која е најсреќната нација во светот било спроведено во 2022 година, а во него учествувале жителите на повеќе од 150 земји. Од резултатите станало јасно дека жителите на Финска се најсреќната нација, а еве зошто.

Зошто Финска е најсреќната земја во светот?

Френк Мартела, доктор, филозоф, истражувач и автор на книгата „Убавиот живот: перспективи во потрагата по смислата за постоење“, во која се обидува да открие зошто Финците се најсреќните жители во светот. Еве дел од неговите заклучоци:

1. Во Финска никој не се споредува со другите

„Не се споредувајте со другите и не се фалете со својата среќа“ – вели една од познатите фински изреки. Но, за Финците тоа не се само зборови, тие го следат ова правило уште од раното детство. Тие не обраќаат многу внимание на материјалните работи бидејќи за нив материјалното е само прашање на потреба, а не начин да ја изразат својата личност.

2. Хармонија со природата како рецепт за среќа

Според истражувањето спроведено во 2021 година, за Финците е особено важно да поминуваат повеќе време во природа. Можноста да уживаат во свежиот воздух и да поминуваат многу време во природа им овозможува да го задржат душевниот мир и да заштедат енергија. Повеќето работници во Финска имаат право на 4 недели летен одмор. Го трошат, се разбира, во природа. Некои дури и некое време живеат во куќа без струја и вода, во целосна хармонија со природата. Тоа им служи како потсетник за тоа колку треба да бидат благодарни за она што го имаат, ги опушта и им дава енергија.

3. Лојалност, чесност и доверба во заедницата

Го изгубивте паричникот додека патувате со воз низ Финска? Постојат големи можности дека некој ќе ви го врати наскоро. Во 2022 година бил спроведен социјален експеримент наречен „изгубен паричник“ за да се тестира чесноста на граѓаните во 16 градови низ светот, а вкупно биле „изгубени“ 192 паричници. Во Хелсинки, главниот град на Финска, 11 од 12 паричници биле вратени на нивните сопственици. За споредба, во Москва само 7 паричници од 12, во Берлин – 6 од 12, а најлошо било во Мадрид (2 од 12) и Лисабон (1 од 12). Финците се обидуваат да воспостават чувство на лојалност, доверба, чесност во секоја заедница. Покрај чувството на заедништво, тие поставуваат и лични граници во обидот да го живеат животот што го посакуваат без влијание на околината.

Откако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар