Црно езеро кое се наоѓа на „покривот на светот“ и кое ја менува бојата во текот на денот

Црно езеро кое се наоѓа на „покривот на светот“ и кое ја менува бојата во текот на денот

Езерото Каракул се наоѓа на надморска височина од четири илјади метри; лоцирано е на висок планински масив – Памир, кој се нарекува и покрив на светот. Старо е околу милиони години, а настанало откако на ова место удрил метеор.

Црно езеро кое се наоѓа на „покривот на светот“ и кое ја менува бојата во текот на денот

Повисоко е од езерото Титикака, кое се издига на 3810 метри надморска височина на границата помеѓу Перу и Боливија.

Таџикистан е рај за љубителите на планинарите; тука планините зафаќаат дури 93% од површината. Британските картографи го именувале како „Езерото Викторија“, додека Советите подоцна го прекрстиле во Каракул односно Црно езеро во чија близина се наоѓа истоименото село.

Се протега на 33 километри од север кон југ и 24 километри од исток кон запад. Во текот на денот Црното езеро менува неколку нијанси, од тиркизно до кобалтно сино.

Наслагите на сол што го опкружуваат сугерираат дека станува збор за еден од најсолените езера во Азија. Поради голема количина на сол во водата, овде преживуваат само одреден вид риби кои живеат на песочното дно на езерото. Но, мочуриштата и островите на езерото привлекуваат многу птици преселници како што се хималајските мршојадци.

За време на Втората светска војна областа околу езерото служела како затворски логор за германските воени затвореници. Се верува дека поради тоа голем број од жителите се со посветла коса. Подоцна таму паселе овци и кози киргистанските номади кои во текот на летото се искачувале до езерото.

Единствените преостанати локални жители се мал број Киргистанци. Тие организираат сместување за смелите посетители кои не се плашат од немилосрдните автопатишта на Памир ниту од роевите комарци кои се појавуваат во летото. Некогаш раскрсница на Централна Азија и станица на Патот на свилата, денес ова место е морничаво и празно.

Откако прочитавте за карактеристиките на ова езеро, можеби ќе сакате да прочитате и каде се наоѓа најсмртоносното езеро во светот.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар