Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

Дали сте знаеле дека децата во Финска слушаат диносауруси кои свират хеви метал музика, мажите ги носат нивните жени на грб за да освојат пиво, а градоначалниците се фрлаат во вода за добри цели? Во оваа статија, ќе ви откриеме дел од интригантните факти по коишто е позната „Земјата со илјада езера“.

1. Паркинг за кучиња во близина на маркети

Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

Постои закон во Финска, според којшто сите бизниси треба да се погрижат да направат специјални паркинзи за кучиња. На сопствениците на бизниси може да им биде напишана казна, ако немаат вакви паркинзи.

2. Меч за докторите на наука

Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

Во некои фински универзитети, сè уште постои традиција според којашто кога некој ќе докторира, освен со диплома, ќе биде награден и со меч. Единствениот недостаток на оваа интересна традиција, е тоа што докторите на науки мораат сами да си го купат мечот.

3. Финците се страсни читатели

Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

Дали сте знаеле дека Финска е една од земјите во коишто живеат најстрасните читатели во светот? Во оваа држава живеат само 5 милиони жители, но секоја година тие позајмуваат дури 67 милиони книги од библиотеките. Приватни библиотеки може да се најдат дури и во бензинските станици. Најинтересниот факт е што во некои од големите библиотеки, освен книги можете да позајмите и музички инструменти, спортска опрема, па дури и машини за шиење.

4. Кучиња коишто им помагаат на децата да научат да читаат

Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

Веќе е одамна познато дека постојат кучиња, коишто им помагаат да одат на слепите лица, но во Финска постојат и специјални кучиња за читање, коишто им помагаат на децата да го научат тешкиот Фински јазик. Читањето глас пред куче, може да претставува одлично искуство за децата на коишто им треба вежбање на читањето. Целта е да се охрабрат децата коишто имаат проблеми со читањето, да го прават тоа на глас. Тренираното куче, внимателно и со задоволство ќе го слуша детето и секако, нема да се грижи и да го критикува доколку тоа прави грешки или чита бавно. Од друга страна, тоа создава чувство на задоволство и подигање на самодовербата кај децата, што ќе ги поттикне да читаат сè повеќе во иднина.

5. Јазикот на вилите од „Господар на прстените“

Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

Финскиот јазик е еден од најтешките јазици во светот, па познатиот автор на „Господар на прстените“ Џон Роналд Руел Толкин бил толку инспириран од него, што му станал основа за создавање на јазикот на вилите. Во Финскиот јазик има дури 40 синоними за зборот „снег“, но нема ниту еден збор за да кажете „те молам“. Како и да е, во овој јазик има толку многу интересни зборови, коишто не постојат во другите јазици како на пример „kalsarikännit“, што означува пиење по долна облека. Друг интересен факт, е што не постои идно време во Финскиот јазик.

6. Бонус за враќање од годишен одмор

Интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи

Со цел да ги стимулираат вработените да се вратат на работа после годишниот одмор, финските компании им даваат специјални бонуси, веднаш штом дојдат повторно во канцеларија. Воедно, никој во Финска не крие колкава плата зема, бидејќи во оваа држава е премногу лесно да дознаете колку пари заработува на пример вашиот сосед, со едноставно вртење на специјален телефонски број.

Фактите продолжуваат на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар