Зошто едната страна од лицето е попривлечна од другата?

Инстаграмџиите поминуваат повеќе од 5 часа неделно (48 минути на ден) правејќи селфи. Тие обично прават по 7 фотографии за да стигнат до „совршениот кадар“ што го поставуваат на социјалните мрежи. Анука Линдел, професор по невропсихологија на Универзитетот „Ла Троб“ во Мелбурн, откри дека повеќето од оние кои прават селфи преферираат да ја покажат левата страна на сликите. Таа анализирала 2.000 селфи форографии на Инстаграм за да открие зошто таа страна на лицето се смета за посимпатична. Во продолжение прочитајте зошто левата страна може да биде попривлечна.

Ја претпочитате левата страна кога се фотографирате и кога правите селфи пред огледало

Зошто едната страна од лицето е попривлечна од другата?

Истражувачот открил дека луѓето претпочитаат да ја покажуваат левата страна кога прават селфи пред огледало. Кога позирате пред огледало и го фотографирате својот одраз, вие обично го покажувате десниот образ. Додека огледалото ги свртува левата и десната страна, истакнувањето на десниот образ на фотографијата значи дека личноста позирала со левиот образ пред огледалото.

Уметниците обично сликаат портрети што го прикажуваат левиот профил на луѓето

Зошто едната страна од лицето е попривлечна од другата?

Насликаните портрети ја покажуваат истата асиметрична пристрасност: луѓето го фаворизираат левиот образ. Тоа може да биде одраз на несвесната волја на една личност да ја покаже својата попривлечна страна.

Левиот образ покажува повеќе емоции

Зошто едната страна од лицето е попривлечна од другата?

Истражувањата покажуваат дека левата страна е повеќе емотивно експресивна. Ова може да се објасни со начинот на обработка на чувствата во мозокот. Десната страна на мозокот што ги контролира мускулите на левата страна на телото е емоционално доминантна. Ова е причината зошто луѓето интуитивно го покажуваат левиот образ кога од нив се бара да позираат за емотивна фотографија, а десниот образ кога позираат за фотографија што ги крие нивните чувства.

Прочитајте што откриваат цртите на вашето лице за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар