Дали го разгалувате вашето куче со вашето однесување?

Дали го разгалувате вашето куче со вашето однесување?

Прекумерната грижа, љубов и внимание навистина не се добри за вашето домашно милениче. Не станува збор за галењето на вашето домашно милениче, туку за малите грешки што најверојатно ги правите несвесно и со тоа му наштетувате на вашиот крзнен пријател. Верувале или не, вашето куче ќе продолжи да ве сака бесконечно, дури и кога ќе престанете да го разгалувате.

Дали го разгалувате вашето куче со вашето однесување?

Вашето куче сака храна што ја јадат луѓето и вие му ја сервирате

Ако го храните кучето директно од вашата чинија, ќе го разгалите многу . Не само што го учите вашето куче да биде покрај вашата трпеза кога ќе седнете да јадете, туку и му давате храна што не е за него. Во најмала рака, му дозволувате да внесува повеќе калории отколку што му се потребни.

Му давате десерти на вашето кучето

Слатките не треба да изнесуваат повеќе од 10% од исхраната на вашето домашно милениче. Давањето слатка храна на негово барање е многу лоша навика, која може да има негативни последици понатаму. Дебелите кучиња живеат пократко и страдаат од поширок спектар на болести како што се тумори, артритис и срцеви заболувања.

Го носите во своите раце веднаш што ќе го покаже првите знаци на замор

Сопствениците на малите кучиња имаат навика често да ги носат милениците во своите раце затоа што се премногу уморни за да можат да одат. Само затоа што се мали, не значи дека им недостасува сила и дека се уморни по само 5 минути пешачење. Пешачењето и трчањето им се неопходни на кучињата за добро здравје, раст и развој. Ако забележите дека вашето куче е уморно, застанете и дајте му можност да се одмори, но не го земајте во раце.

Вашето куче има повеќе облека од вашите деца

Ако станува збор за навистина студена зима, топлото палто или џемпер е нешто што може да се толерира, особено ако имате мало или постаро куче. Но, ако вашето домашно милениче има облека за секоја пригода, можеби претерувате и треба да знаете дека таа облека навистина не му е потребна.

Купивте поголем кревет затоа што кучето сака да спие со вас

Колку и да го сакате вашето домашно милениче, тоа треба да има свое место за одмор и за спиење. Можеби мислите дека му правите услуга и искажувате љубов, но со секое ваше движење за време на спиењето може да го вознемирувате и да го будите, така што му го нарушувате сонот и нанесувате штета на неговиот имунитет.

Прочитајте што да правите ако во куќата имате бебе и домашно милениче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар