Забавен тест: Каков гостин сте?

Забавен тест: Каков гостин сте?

Автор: Сара Турановиќ

Дали понекогаш сте се запрашале каков впечаток им оставате на домаќините кај кои сте биле на гости? Дали тие ви се радуваат кога ќе им се најавите дека доаѓате или пак бараат изговори за да не ги посетите? Решете го овој краток и забавен тест и дознајте.

zabaven-test-kakov-gostin-ste-kafepauza.mk

1.Кога вашите пријатели ќе ве поканат на вечера, што најчесто им носите на домаќините?

а) Шише вино за него и букет за неа
б) Кафе и грицки
в) Ништо, моето присуство е сосема доволно

2. Поканети сте да престојувате неколку дена кај брачен пар, ваши стари пријатели. Но тие одеднаш почнуваат жестоко да се караат пред вас! Како ќе постапите?

а) Ги смирувате и пробувате да разговарате со нив
б) Одите на прошетка или пак се повлекувате во својата соба и чекате да помине „бурата“
в) Го вклучувате телевизорот и го повишувате тонот за да не помислат дека ги прислушувате

3. Вашиот најдобар другар се пресели во друг град и оттогаш се немате видено. Се ближи неговиот роденден и вие планирате да го изненадите. Каков е вашиот план?

а) Ќе му се јавите неколку дена пред да тргнете и ќе се договорите за време и место каде да се најдете
б) Ќе му се јавите на денот кога ќе пристигнете и ќе го замолите да ве пречека на автобуската станица
в) Ќе се појавите на неговата врата, ќе заѕвоните и весело ќе извикате: Изненадување!!!

4. На вечера сте кај пријател. Неговата жена го направила вашето омилено јадење, а вие сте гладни како волк. Што ќе направите?

а) Ќе ставите малку и ќе уживате во секој залак
б) Ќе земете повторно, ако и другите се послужат
в) Ќе ја наполнете својата чинија до горе, не водејќи смета за останатите

5. Цела недела сте на гости кај свои роднини. Вечерта пред да заминете…

а) Ги носите во близок ресторан, во знак на благодарност
б) Им купувате гајба пиво и им се заблагодарувате на гостопримството
в) Ќе им се јавите да им заблагодарите откако ќе се вратите дома

6. Вашите далечни роднини имаат прекрасна вила во Италија. Бидејќи знаат дека одамна сакате да ја посетите оваа земја тие ве покануваат на гости. Што ќе направите?

а) Ги посетувате на неколку дена, а останатите денови од годишниот одмор ќе ги поминете во самостојна обиколка околу државата
б) Ќе ја прифатите нивната покана, но ќе се потрудите да не ги оптоварувате многу
в) Ќе се трудите да поминувате повеќе време со нив

7. Кога си заминувате од гости од кај вашите пријатели вие задолжително…

а) Им се заблагодарувате на гостопримството и ги поканувате следниот пат тие да бидат ваши гости
б) Им помагате да го средат нередот што го направиле останатите гости
в) Ја пофалувате храната која ја направила домаќинката

8. Годишниот одмор го поминувате во близина на градот каде што живее вашиот стар пријател. Успеавте да стапите во контакт и тој ве поканува еден викенд да бидете негов гостин. Но, времето на сеќавање на старите денови брзо поминало, па кога дошло време да се разделите вие одлучивте…

а) Да се држите до првобитниот план, колку и тешка да ви паднала разделбата
б) Доколку и тој се согласува, го продолжувате својот престој
в) Едноставно останувате уште еден ден

9. На вечера сте кај познаник. Еден од гостите започнува интересна, но контроверзна тема за разговор

а) Не сакате да разговарате, се повлекувате и слушате
б) Му давате знак со главата дека се сложувате со него, но суптилно преминувате на друга интересна и помалку контроверзна тема
в) Со задоволство се впуштате во темата, бидејќи сметате дека е интересна

10. Колешката со која работите се преселила во нов стан и организира журка. Денот на самата забава ви се јавува и вели дека нејзиниот нов дом сè уште не е спремен за прием на гости

а) Ѝ предложувате да ја откаже забавата
б) Ѝ ја нудите својата помош
в) Ѝ велите да не се возбудува и дека сѐ ќе биде добро

2-zabaven-test-kakov-gostin-ste-kafepauza.mk

Најмногу одговори под А – Многу очекувате и хировити сте:

Кога сте кај некого на гости се однесувате како со вашето присуство да му правите голема чест. Дали сте помислиле дека луѓето кај кои сте биле нестрпливо ги броеле часовите или деновите додека не си заминете. Доколку сакате да ве поканат или пак планирате да ги посетите роднините и пријателите во текот на претстојните празници, обновете ги правилата на добро однесување: на домаќините купете им симболични поклони, не се однесувајте како разгалена холивудска ѕвезда и не очекувајте да ги исполнат сите ваши желби, не оставајте неред зад себе и не останувајте подолго од планираното. А кога ќе заминувате, задолжително заблагодарете им се на гостопримството. Уште нешто, зар не мислите дека е време и вие да поканите некого кај вас?

Најмногу одговори под Б – Секогаш сте добредојдени:

Сите ваши пријатели сакаат да ги посетите бидејќи не заповедате многу, секогаш сте спремни да помогнете и околу вас ширите позитивна енергија. Во вашето друштво секој се чувствува пријатно. Никогаш не заборавате на домаќините да им се заблагодарите со некој подарок – шише вино, букет или подарок за нивните деца. Свесни сте дека домаќините имаат и други обврски, па не им одземате многу од нивното време. Никогаш не останувате долго, било да станува збор за вечера, седенка или престој на село. Никогаш не ви се случило да не го вратите гостопримството, и гостите да ги послужите во најдобар ред. Едно е сигурно, домаќините се тажни кога вие заминувате, но бидете сигурни дека наскоро повторно ќе ве поканат.

Најмногу одговори под В – Повторете ги добрите манири:

Иако вашите пријатели ве покануваат на вечера, вие често заборавате на убавите манири и се однесувате како да сте единствен гостин таму. Вистина е дека вие сте духовита личност која ја подига атмосферата, но зарем не мислите дека понекогаш е добро и вие да ги повикате кај вас? Исто така, не очекувајте од вашите пријатели и роднини дека додека сте вие таму ќе ги одложат сите свои обврски и секаде ќе ве носат за рака. Можете сами да прошетате низ градот, по музеите или пак да ги исчистите бањата и спалната соба кои тие толку великодушно ви ја отстапиле.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар