Владимир Путин – современиот Чак Норис

Владимир Путин – современиот Чак Норис

Автор: Петар Тодоровски

Тој може да ве спаси од напад на тигар, да го изгасне и најстрашниот пожар, да ги „растури“ противниците во џудо, па дури и да пронајде артефакти со кои ќе ја расветли историјата. И замислете, тој не е Чак Норис! Зборуваме за поранешниот агент на КГБ, а денес руски претседател Владимир Путин, кој во потрагата по публицитет веќе му го презема угледот на легендарниот акционен херој и спасител. Ако се прашувавте зошто, причината не е тоа што може да ги добие кои било политички избори на кои што ќе се појави, туку неговите јунаштва.

Спасување на телевизиска екипа од сибирски тигар

Во август 2008 година рускиот претседател го посети природниот резерват Усури, за да провери како се надгледуваат останатите 500 сибирски тигри на Земјата. Додека релаксирано се шеташе низ резерватот заедно со телевизиска екипа, еден од тигрите ги скина синџирите и се стрча кон еден од камерманите. За среќа, Путин во рацете имал пиштол со кој се заспиваат животни, па токму кога можело да дојде до трагедија пукал во тигарот, го успал и спасил човечки живот. Делото го комплетирал со закачување уред за следење на заспаниот тигар.Владимир Путин – современиот Чак Норис

Стрелање на кит со самострел

Ова не беше обид да се убие уште едно животно од листата на загрозени видови, туку напор да ѝ се помогне на науката. Стрелата не била дизајнирана да го убие китот, туку да се добие примерок од неговата кожа со кој ќе се утврди од каде дошол. Верувале или не, дури четвртиот обид бил успешен. Сепак, претседателот не се срами од тоа, затоа што би сторил сè „за да ѝ помогне на природата“.Владимир Путин – современиот Чак Норис

Џудо вештини

Путин не би можел да се споредува со Чак Норис ако е силен само со оружје в раце. Затоа, тој може да се пофали со црн појас, шести дан во џудо, така што и со голи раце може да отстрани многу опасности. Никогаш не пропушта можност своите вештини да ги покаже пред камерите, што испровоцира еден руски стрип уметник да го претстави како суперхерој кој ги растерува демонстрантите.Владимир Путин – современиот Чак Норис

Возење Формула 1 болид

Кога Русија доби можност да организира Формула 1 трки почнувајќи од 2014, беше потребно спортот повеќе да се испромовира во земјата. Таа задача ја заврши, ни помалку ни повеќе, тогашниот премиер Владимир Путин. За разлика од сите останати политичари кои се возат само во блиндирани автомобили, тој седна во Ф1 болид и во близина на Санкт Петербург, изведе неколку вртења откако претходно возеше со преку 300 км/ч. По настанот изјави: „Како за прв пат, добро беше“.Владимир Путин – современиот Чак Норис

Пилотирање со борбен авион

Возењето на тркачки автомобил не е најголемиот возачки предизвик на кој одговорил рускиот претседател. Во 2000 година, само еден месец по воспоставувањето контрола над Грозни, главниот град на Чеченија, Путин реши да отпатува во опустошениот град како што тоа некогаш го правеле кралевите, а таму стигна како копилот на борбен авион Сухој-27.Владимир Путин – современиот Чак Норис

Пилотирање со противпожарен авион

Путин успеа да добие голем публицитет во тешките моменти во август 2010 година, додека дивееше голем пожар во близина на Москва. Веројатно ги употреби знаењата од управувањето со борбен авион, па копилотирањето на противпожарниот Бериев Бе-200 не беше проблем за него.Владимир Путин – современиот Чак Норис

Во најдлабокото езеро со подморница

Со длабочина од 744 метри, Бајкалското Езеро во Русија е најдлабокото во светот, па не е изненадување тоа што Путин во него нашол предизвик. Во 2009 година се нафати да нурне во езерото како гостин на екипажот на подморница, чија цел беше да го испитува езерското дно. Кога излезе, даде и свое научно толкување на она што го видел: „Водата е чиста, се разбира земено од еколошка гледна точка, но јас би рекол дека е всушност некој вид супа од планктони“.Владимир Путин – современиот Чак Норис

Полугол против сибирскиот студ

Како што беше спомнато погоре, Путин е голем вљубеник во природата и секогаш сака да ужива во неа. Тој се релаксира во неверојатно студените недопрени предели на Сибир, и тоа гол од половината нагоре. Повеќе пати „случајно“ е фатен од страна на новинарските екипи, како полугол јава на коњ или лови риба , кои очигледно доста често го посетуваат пустиот и студен регион во Русија.Владимир Путин – современиот Чак Норис

Ракување со поларна мечка

Во април 2010 година тој им помогна на експертите да закачат уред за следење на една поларна мечка. Таа беше успиена, па тоа би можел да го направи секој, но „Чак Норис моментот“ се случи на крајот кога се ракуваше со шепата на заспаното животно и рече: „Ќе бидеш добро“.Владимир Путин – современиот Чак Норис

Откривање артефакти во морето

Третото нуркање во животот за Владимир Путин беше трета среќа за него и за археолозите кои долги години го испитувале еден археолошкиот локалитет во Црното Море. Рускиот претседател успеа да најде две антички грчки вазни на два метри под водата, кои археолозите сите овие години не ги пронашле. Секако, подоцна некој призна дека сè било наместено.Владимир Путин – современиот Чак Норис


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. ЛИЛИЈА Reply

    И по ПУТИН…..ПУТИН!!!

  2. Дара Reply

    Бонд, Джемс Бонд. А не Чак Норис.

Напиши одговор на ЛИЛИЈА Откажи одговор