Вашите рецептори за вкус се менуваат кога сте во сериозна врска

Никогаш не сте јаделе маслинки додека сте биле сингл, но по неколкумесечна сериозна врска, не можете да си го замислите животот без нив?

Вашите рецептори за вкус се менуваат кога сте во сериозна врска

Според една неодамнешна студија објавена во Appetite journal, вашите преференции за вкус и мирис (со други зборови, тоа што сакате и не сакате да го јадете), можат целосно да се променат со цел да бидете посинхронизирани со вашиот партнер. Звучи лудо, се согласувате?

Истражувачите проучувале 100 парови кои биле во врска од 3 месеци до 45 години и ги мереле нивните одговори на различни миризби и вкусови. Тие откриле дека колку подолго сте во врска, толку вашите рецептори за вкус работат на посличен начин.

Но, зошто се случува? Со оглед на тоа што партнерите делат ист дом (вклучувајќи кујна и фрижидер) и најчесто заедно јадат, големи се шансите да делат исти оброци. И кога ќе почнете да јадете одредени состојки редовно, вашите преференции за вкус полека се менуваат и адаптираат.

Изгледа само прашање на време е кога ќе почнете да сфаќате дека брокулите се многу повкусни од макароните, бидејќи според вашиот партнер, тие се неизбежен дел од здравата исхрана…

Прочитајте ги и овие 8 очигледни знаци дека водите здрава љубовна врска!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар