8 очигледни знаци дека водите здрава љубовна врска

Која е вашата дефиниција за здрава љубовна врска? Најверојатно секој од вас има различна, бидејќи истата ја креирате врз основа на вашите лични желби и потреби, но доколку сакате вашата врска да потрае и да биде исполнета со страст, љубов, нежност и позитивна енергија, најверојатно треба да прoверите дали ги почитувате осумте знаци на водење здрава љубовна врска.

8 очигледни знаци дека водите здрава љубовна врска

1. Помеѓу вас постои обострана почит

Наједноставен начин за да се уверите дали вашата врска е добра или не, е степенот на почит кој постои помеѓу вас и вашиот партнер. Ако ги почитувате желбите, интересите, потребите и ставовите на вашиот партнер и тој ви возвраќа со иста мера, тогаш вашата врска е на добар пат. Но, доколку постојано се напаѓате, критикувате и не го разбирате јазикот на кој зборува вашиот партнер, вашата врска најверојатно нема здрав корен.

2. Возбудени сте пред да го видите вашиот партнер

Оние партнери кои се во добра љубовна врска, едвај чекаат да се видат следен пат. Без разлика колку време сте заедно, секогаш треба да постои малку страст и возбуда во вашето срце пред да се видите. Можеби убаво сте си го поминале времето додека сте биле одвоени на различни места, со различни луѓе, но битно е двајцата да чувствувате потреба да поминете време заедно.

3. Тежнеете меѓусебно да се инспирирате, а не да се навредувате

Кога сте дел од една здрава љубовна врска, треба природно да ви доаѓа да го поддржите вашиот партнер, да ги истакнете неговите/нејзините јаки страни и квалитети, како и да ги надополните сите карактерни недостатоци кои ги има. Вашиот љубен/а треба ви да возврати со иста мера. За да се чувствувате среќни, треба со партнерот меѓусебно да се надградувате, да ги проширите вашите хоризонти и да сакате да ги откриете тајните кои ги крие животот. Среќни врски не се оние кои се исполнети со драма и емоционално растројство на партнерите.

4. Помеѓу вас постои вистинска хемија

Можеби оваа фраза ви звучи малку „плитка“ но она што вистински ја одржува една љубовна врска е искрата, хемијата која постои помеѓу вас. Тоа не значи дека добриот секс е најважната работа во една врска, но да се соочиме со реалноста – сексот е важна работа. Ако помеѓу вас нема телесна привлечност и потреба за размена на љубовни страсти, тогаш постои голема шанса дека вашиот партнер ви претставува нешто повеќе од пријател, но помалку од љубовник, а таквиот однос не ветува добра брачна заедница во иднина.

5. Искрени сте еден со друг

Добра љубовна врска не може да биде заснована на лаги и манипулации, така што ако имате навика да криете работи од вашиот партнер или тој од вас, тогаш вашата врска не е изградена на здрава основа. Ако ви е битно да ја задржите вашата врска, почнете да ја кажувате вистината. Веднаш!

6. Сакате да избегнувате драматични ситуации

Речиси е невозможно да имате добра љубовна врска, ако еден од вас внесува драма во вашата врска или што е уште полошо, некој од вас се однесува како „куче пуштено од ланец“ кога не сте заедно. Пред да помислите дека сакате да имате убава љубовна врска, имајте на ум дека треба прво да си го средите вашиот сопствен живот, за да чувствувате доволно простор да запознаете нечиј друг. Ретко на кој од нас би му текнало на овој факт, но вистина е – партнерот не може да ви го подобри вашиот живот, ако не умеете самите да се погрижите добро за него.

7. Љубовната врска која ја имате не е креатор на вашата среќа, туку само ја надополнува

Да повториме уште еднаш: ако не сте задоволни од животот кој го живеете, започнувањето врска со личност која е прекрасна со вас, се труди да ве направи среќни и вашите карактери се поклопуваат, сепак нема да ви биде доволна. Морате прво да бидете среќни со животот кој го живеете и вашиот партнер да биде среќен со својот, за да бидете способни меѓусебно да се усреќите во вашата врска.

8. Уживате во моментот, но размислувате и за иднината

Животот е најубав кога ќе научите да живеете за моментот, а не во минатото или иднината. Но, ако се уловите себеси како размислувате за развитокот на вашата врска во иднина, тогаш тоа е добар знак. Желбата да бидете со некој во иднина е доволен показател дека вашата врска нема потенцијал да биде лоша или краткотрајна.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. dani Reply

    od ovie 8 znaci vo nieden ne se pronajdov so partnerot a imame skoro 5 godisna vrska :(

    • А. Стоименов Reply

      Не мора секогаш да се водиш според овие статии. Тука се зборува општо, а вие можеби си имате други заеднички работи кои ве одржуваат заедно.

      • no hard feelings Reply

        ili ako veke se otvorat kartite…. mozebi ste od onie vrski koi traat od navika poso ne e vozmozno nisto od navedenoto da ne vi se poklopuva, togas zato ste zaedno???…… zaprasaj se , dali stvarno imate vrska ili si go trosite vremeto……ako ne go utvrdis ova na vreme moze da propustis vistinska sansa vo zivotot………

  2. водолија Reply

    мило ми е што во сите се пронајдов, веќе скоро 3 години си имам здрава љубовна врска и тоа од почетокот па до ден денес уживам во сите благодети кој си ги пружаме со партнерот :)
    поздрав до сите :)

Остави коментар