Уникатни начини да го направите крајот на летото незаборавен!

Уникатни начини да го направите крајот на летото незаборавен!

Сигурни сме дека досега веќе сте направиле милион летни спомени што ќе ве топлат за време на долгата, студена зима. Но, со оглед на тоа што се приближува крајот на летото, немате уште многу време да ја заокружите оваа сезона на најдобриот начин. Во продолжение следуваат уникатни начини да го завршите летото со стил!

1. Дигитална детоксикација

Додека сите ги објавуваат своите најнови фотографии од плажа на социјалните мрежи, зошто вие да не си дадете малку време да се исклучите од Интернетот? Предизвикајте се на дигитална детоксикација за време на последниот викенд од месецов. Можеби ќе ви биде тешко на почетокот, но брзо ќе си бидете благодарни на себе за одморање на мозокот.

2. Испечатете фотографии

Навратете се на фотографиите од целото лето и одберете ги вашите омилени моменти со луѓето што најмногу ги сакате, а потоа испечатете ги. Можете да ги залепите на ѕидот во вашата соба, да ги врзете на врвки заедно со светла или пак, да ги споделите со пријателите, во реалноста.

3. Посетете музички фестивал

Нема да ви биде тешко да најдете музички фестивали на отворено во текот на летото. Замислете само колку добро ќе си поминете кога ќе ги пеете вашите омилени песни додека сонцето ви ја гали кожата. Звучи како совршениот летен ден.

4. Истрчајте маратон за добротворна цел

Можете да разгледате дали се организира некој маратон за добротворна цел, или пак, самите да организирате. Ова ќе биде големо физичко, но и ментално достигнување на коешто без сомнение ќе бидете многу благодарни.

5. Направете журка во двор

Наместо да трошите пари по кафулиња, зошто да не се соберете со пријателите и самите да си организирате забава за одбележување на крајот на летото? Можете да си ја пуштите омилената музика, да си ги направите омилените коктели, па дури и да ослободите хартиени фенери и да ги гледате како исчезнуваат некаде високо на ноќното небо.

6. Направете летна музичка плејлиста

Како и секое лето претходно, така и ова сигурно сте чуле неколку хитови што би можеле постојано да ги слушате. Но, што е со оние квалитетните и прекрасни песни, што не добиваат толку многу внимание? Издвојте малку време да ги најдете токму овие песни, и направете плејлиста со музика каква што не сте слушале досега.

7. Организирајте потрага по скриено богатство во нов град

Сите сакаат добра загатка. Па, наместо да се консултирате со мапите на новиот град што ќе го посетите ова лето, обидете се да се движите низ него без никакви насоки. На тој начин ќе откриете нешта што многумина ги пропуштаат, а и ќе се зближите многу повеќе со пријателите или семејството.

8. Разбудете се за изгрејсонцето

Кога последен пат сте станале толку рано што сте можеле да го гледате изгрејсонцето? Предизвикајте се да го сторите токму ова летово, но прво истражете ја вашата околина за да го најдете најдоброто место на коешто можете да го гледате.

Прочитајте ги и овие нспиративни цитати кои ќе ви помогнат да се збогувате со летото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар