7 загатки што ќе ја зголемат моќта на вашиот ум

7 загатки што ќе ја зголемат моќта на вашиот ум

Според едно истражување од 2012-та година, ризикот од Алцхајмерова болест значително се намалува кај луѓето кои редовно се впуштаат во активности што го стимулираат умот. Ова значи дека луѓето кои играат игри како шах или решаваат загатки имаат помали шанси да развијат Алцхајмерова болест или деменција подоцна во животот. Па, за да ја зачувате острината на вашиот ум, обидете се да ги решете овие загатки.

1. Која девојка е во брак?

7 загатки што ќе ја зголемат моќта на вашиот ум

  • Одговор

    7 загатки што ќе ја зголемат моќта на вашиот ум

2. Потрага

7 загатки што ќе ја зголемат моќта на вашиот ум

Еден детектив брка криминалец кој влегол во осамена куќа. Сопственикот на куќата го поканил детективот внатре.

Детективот прашал: „Дали некој дојде овде?“

Сопственикот одговорил: „Не, и никој ја нема напуштено куќата.“

Детективот прашал: „Дали живееш со твоето семејство?“

Сопственикот рекол: „Не, сам сум.“

Детективот прашал: „Ти благодарам. Дали сакаш цигара?“

Сопственикот: „Не благодарам. Не сум пушач.“

Детективот: „Имам три докази кои докажуваат дека лажеш.“

Што забележал детективот во собата?

  • Одговор

    7 загатки што ќе ја зголемат моќта на вашиот ум

3. Бегство

7 загатки што ќе ја зголемат моќта на вашиот ум

Многу одамна, во едно далечно кралство, имало крал кој не дозволувал никому да ја напушти империјата, и не им дозволувал на странците да влезат внатре. Имало само еден мост што го поврзувало кралството со надворешниот свет. Наредбата на кралот гласела дека секој што се движи кон надвор треба да биде убиен, а секој што сака да влезе во кралството да биде вратен назад.

За да се одмори, еден од чуварите седел 5 минути во неговата колиба и се вратил на стража. За да се помине мостот, потребни се 8 минути. Само една жена успеала да избега. Како?

  • Одговор

    Кога чуварот бил во колибата, жената почнала да го минува мостот. Одела 5 минути додека чуварот бил внатре, а потоа се свртела и се движела кон кралството. Кога се доближила ѝ побарале документи. Бидејќи немала, не ѝ дозволиле да влезе внатре.

4. Нуркање

7 загатки што ќе ја зголемат моќта на вашиот ум

Едно момче решило да стане нуркач. На првото нуркање изгубило ориентација под водата и не знаело како да се врати на површината. Покрај тоа резервоарот со кислород му бил при крај. Како успеало да го најде вистинскиот пат?

  • Одговор

    Меурите воздух се движат кон површината.

5. Мистериозна смрт

7 загатки што ќе ја зголемат моќта на вашиот ум

Еден детектив го проучувал мртвото тело на жена на еден тротоар во близина на зграда. Изгледало како жената да скокнала од еден од прозорците. За да открие што се случило, детективот се качил на првиот кат, го отворил прозорецот и фрлил паричка на подот. Го повторил истото на сите катови. Кога се вратил на местото на злосторството сфатил дека станува збор за убиство. Како го знаел ова?

  • Одговор

    Жената не се самоубила бидејќи прозорците на сите катови биле затворени.

6. Касета

7 загатки што ќе ја зголемат моќта на вашиот ум

Полицијата нашла мртво тело на маж кој имал пиштол и касетофон во рацете. Кога го пуштиле касетофонот слушнале: „Немам причина да живеам“, а потоа следел истрел. Откако ја ислушале касетата, полицајците сфатиле дека станува збор за убиство. Како го знаеле ова?

  • Одговор

    Ако мажот бил мртов, кој ја извртел касетата до почетокот?

7. Меден месец

7 загатки што ќе ја зголемат моќта на вашиот ум

Нов брачен пар заминал на меден месец. Но сопругот се вратил дома сам и рекол дека неговата сопруга загинала во несреќа. Полицијата го уапсила и му рекла: „Според твојот агент од агенцијата за патување, ти ја уби жена ти.“ Како полицајците знаеле дека станува збор за убиство?

  • Одговор

    Мажот купил карта во еден правец за жена му, но не и за него.

За да ја тестирате вашата моќ за забележување детали, обидете се да ги решете овие загатки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар