Трите фази на заљубувањето

Трите фази на заљубувањето

Заруменети обравчиња, забрзано чукање на срцето и потење на дланките се само неколку симптоми кои ве издаваат дека почнувате да се заљубувате. Сепак, во внатрешноста на телото има јасни хемиски знаци, кои со сигурност кажуваат дека ве погодила една од стрелите на Купидон. Кога станува збор за љубовта, се чини дека сме оставени на милост и немилост на биохемијата. Еден од најдобрите истражувачи во оваа област е Хелен Фишер од универзитетот во Њу Џерси. Според нејзините зборови, секој човек се заљубува во три фази и секоја од нив вклучува различен сет од хемикалии.

Трите фази на заљубувањето

Прва фаза: страст

Страста е придвижувана од сексуалните хормони, тестостерон и естроген. Тестостеронот не е важен само кај мажите. Докажано е дека тој игра главна улога и во сексуалниот нагон кај жените.

Втора фаза: привлечност

Во оваа фаза љубовта вистински напаѓа. Кога луѓето се заљубуваат, не можат да мислат на ништо друго, освен на партнерот. Исто така, тие можат да го изгубат апетитот, да им е доволно помалку сон, а денот да го поминуваат мислејќи на саканата личност. Во оваа фаза, главната улога ја играат група од невро-предаватели, а тоа се:

  • Допамин – се активира и со кокаин и никотин
  • Норепинефрин – познат и под називот адреналин. Телото почнува да се поти, а срцето забрзано да чука.
  • Серотин – една од најважните хемикалии за љубовта, бидејќи може за момент да нè направи луди.

Трите фази на заљубувањето

Трета фаза: приврзаност

Оваа фаза постепено ја преклопува втората, доколку врската потрае. Луѓето не можат вечно да останат во фазата на привлечност, бидејќи така никогаш нема ништо да направат во животот. Приврзаноста е состојба на подолготрајна посветеност и  клучна алка која го држи парот заедно, особено кога ќе основаат семејство. Во оваа фаза важни се два хормони кои ги ослободува нервниот систем, за кои се смета дека се важни во социјалната приврзаност.

  • Окситоцинот – кај жените се ослободува од страна на хипоталамусот за време на раѓањето деца и им помага на дојките да носат млеко. Тоа им помага на мајките да изградат цврста врска со децата. Овој хормон исто така се ослободува кај двата пола за време на оргазам, поврзувајќи ги возрасните кога се интимни. Истражувањата одат дотаму што велат дека, колку повеќе секс имате, толку поцврста ќе биде вашата врска.
  • Вазопресин – Ова е другата важна хемикалија за фазата на подолготрајна посветеност. Исто така таа е важен контролор на бубрезите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Фросе Reply

    “Луѓето не можат вечно да останат во фазата на привлечност, бидејќи така никогаш нема ништо да направат во животот. ” – многу стручно и прецизно објаснето. Исклучително проникливо.

Напиши одговор на Фросе Откажи одговор