Три работи што не треба да ги правите во триесеттите години

Ова се некои од работите за кои многумина жалат подоцна во животот, па не дозволувајте тоа да ви се случи и вам. Ако се пронајдете, сепак сè уште имате време да поправите некои работи во својот живот.

Три работи што не треба да ги правите во триесеттите години

1. Се обидувате да ги исполните социјалните норми

Ќе почувствувате притисок поврзан со тоа што околината смета дека треба да го направате, а сè уште не сте го направиле – да стапите во брак, да имате свој стан, да имате деца и да имате стабилна работа. Но, не дозволувајте тоа да влијае на вас и на вашите одлуки, туку живејте како што вам ви одговара. Сите луѓе се различни и вистинското време за одредени работи во животот е индивидуално.

2. Поминувате премногу малку време со родителите

Една од работите за кои најмногу луѓе жалат по 30-тите години е тоа што не поминувале доволно време со своите родители додека имале можност да прават многу работи заедно. Тие посакуваат да поминувале повеќе време со родителите правејќи некои едноставни работи, како прошетки, патувања или едноставно разговарање со нив.

3. Ја ставате работата на прво место во животот

Нешто што треба да се има предвид во 30-тите години е дека работата не е сè на светот, иако е важнa за иднината и за егзистенцијата. Не дозволувајте работата и кариерата да ви бидат на прво место во животот, пред семејството и пријателите. Времето поминато со најблиските е многу повредно од парите.

Погледнете која облека треба да ја исфрлите од вашиот орман по триесеттата година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар