Според науката, лекот за ќелавост се крие во помфритот на Мекдоналдс

Според едно истражување од Јапонија, помфритот веројатно го крие лекот за ќелавоста. Истражувачите од Универзитетот Јокохама изјавиле дека една хемикалија, која се наоѓа и во помфритот на Мекдоналдс, можеби ќе стави крај на проблемот со ќелавоста.

Според науката, лекот за ќелавост се крие во помфритот на Мекдоналдс

Во маслото во кое се подготвува помфритот се додава силикон наречен диметилполисилоксан со цел да се спречи пенење. Излегло дека оваа состојка е клучна за спречување на ќелавоста.

Според науката, лекот за ќелавост се крие во помфритот на Мекдоналдс

Истражувачите го докажале овој концепт користејќи го силиконот во третман со матични клетки за да предизвикаат повторен раст на влакната кај глувците. Откако ги третирале глувците со микроби од фоликули на влакно одгледани во силиконот, за само неколку денови истражувачите забележале појава на нови влакна. Понатамошните истражувања покажале дека оваа техника би функционирала и кај луѓе.

Според науката, лекот за ќелавост се крие во помфритот на Мекдоналдс

„Овој едноставен метод е ветувачки. Се надеваме дека оваа техника ќе ја подобри терапијата за регенерација на коса“, изјавил професор Јунџи Фукуда.

Кога ќе се земе предвид сумата која луѓето ја трошат за третмани против ќелавост, јасно е дека има голема побарувачка за нов лек кој функционира. И иако можеби само јадењето помфрит од Мекдоналдс нема да го реши проблемот, интересно е што клучната состојка била пред нас цело ова време.

Погледнете и како да го сопрете опаѓањето на косата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар