Шестото сетило има 4 нивоа: Дознајте на кое ниво е вашето!

Шестото сетило се дели на 4 нивоа од кои првото предупредува на разни опасности во околината. Второто ниво е социјално, третото е креативно, а најреткото, четвртото ниво, се однесува на вашата животна смисла. Направете го следниов тест од 20 прашања и дознајте до кое ниво се развила вашата интуиција…

Шестото сетило има 4 нивоа: Дознајте на кое ниво е вашето!

1. Повеќе сте спонтани одошто организирани:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

2. Одлучувате врз основа на вашите чувства кои се покажуваат како добри:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

3. Кога запознавате нови луѓе, стекнувате точен позитивен или негативен впечаток:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

4. Врз основа на интуицијата успешно сте вложувале пари и сте добивале:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

5. Знаете која е вашата животна смисла и мисија на светов:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

6. Зажалувате секогаш кога ќе игнорирате некое силно внатрешно чувство:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

7. Секогаш се потпирате на интуицијата кога одлучувате за кариерата:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

8. Креативни сте, а одличните идеи секогаш успешно ги реализирате:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

9. Се чувствувате загрижено/возбудено пред да се случи нешто лошо/добро:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

10. Креативните идеи ви доаѓаат од нигде никаде и ви имаат донесено голем успех:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

Шестото сетило има 4 нивоа: Дознајте на кое ниво е вашето!

11. Иако сѐ уште не го знаете тоа, можете да почувствувате дека член од семејството или вашиот партнер страда:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

12. Пријателите честопати ве опишуваат како креативни и оригинални:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

13. Одлучувате врз основа на чувствата, иако тоа е спротивно на советите што ви ги дале саканите:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

14. Веднаш препознавате дали некој ве лаже или ја кажува вистината:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

15. Сте имале претчувство дека ќе се случи нешто лошо и тоа подоцна навистина се остварило:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

16. Кога не знаете што да правите, чекате, бидејќи знаете дека ќе добиете одговор:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

17. Чувствувате поврзаност со луѓе кои не ги познавате или со места каде што не сте биле:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

18. Чувствителни сте и многу често ги „преземате“ туѓите чувства, сакале или не:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

19. Сте имале претчувство кое ве спасило од опасност:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

20. Кога ќе се изгубите, го наоѓате вистинскиот пат со помош на интуицијата:

а) Никогаш

б) Понекогаш

в) Често

Бодување: Никогаш = 1 бод, понекогаш = 2 бода, често = 3 бода

Прво ниво (20-30 бодови)

Интуицијата не ви е доволно развиена. Најчесто ве предупредува на екстремни ситуации, како на пример, кога животот ви е во опасност или кога ќе ве преплават чувства на страв пред некое патување. Но, не ги слушате внатрешните чувства, поради што многу често зажалувате. Имате сѐ уште време да ја развиете вашата интуиција.

Второ ниво (30-40 бодови)

Чувствителни сте и интуицијата ви служи првенствено за да им помагате на другите. Многу често ги завршувате речениците на вашите блиски луѓе, претчувствувате ако се во опасност, но ја занемарувате интуицијата во другите животни области. Ако сакате да имате поголема корист од неа, морате да работите на неа и да вежбате.

Трето ниво (40-50 бодови)

Живеете во согласност со вашите чувства и светот околу вас, што е одлично. Вашето интуитивно знаење ви помогнало не само вам туку и на сите околу вас. Со помош на интуицијата ги подобрувате врските, но и кариерата, бидејќи ви помага да ги решите проблемите, снаодливи сте и многу брзо реагирате.

Четврто ниво (50-60 бодови)

Интуицијата ви е толку развиена што знаете дека никогаш не смеете да се сомневате во вашиот внатрешен глас. Токму затоа секогаш го слушате и многу сте успешни поради тоа. Знаете дека тоа што го правите моментално има цел, а со тоа придонесувате на општеството. Вашата интуиција постојано ве турка напред за да ги остварите вашите планови.

Сакате да дознаете дали сте претерано чувствителни? Направете го и следниов тест за интуиција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар