Според научниците, децата под 14 години не се безбедни самите да поминуваат прометни улици

Според научниците, децата под 14 години не се безбедни самите да поминуваат прометни улици

Според статистиката, годишно околу 40.000 луѓе настрадуваат во автомобилски несреќи само во САД, вклучувајќи возачи, патници и пешаци. Сите знаеме дека улиците можат да бидат опасни, а проблемот станува уште пострашен кога се работи за деца.

Според научниците, децата под 14 години не се безбедни самите да поминуваат прометни улици

Научниците од Универзитетот во Ајова ги проучувале психолошките аспекти и однесувањето на децата што имаат влијание на нивната безбедност на патот, а нивните заклучоци се навистина интересни.

Децата и возрасните различно ја поминуваат улицата

За секоја возрасна личност, поминувањето на улицата е навистина едноставна активност. Погледнуваме наоколу, го анализираме сообраќајот, го пресметуваме времето што ни е потребно да поминеме, ја чекаме потребната празнина и одиме. Но, за децата не било олку едноставно. За време на експериментите, научниците дошле до заклучок дека на децата под 14 години им е тешко да ги идентификуваат „празнините“ во сообраќајот кои се доволно големи за безбедно да ја поминат улицата.

Причината е што децата сè уште ги немаат развиено потребните моторички способности што ги имаат возрасните и кои им овозможуваат да ја поминат улицата веднаш штом ќе помине автомобилот.

„Некои луѓе можеби мислат дека малите деца можат да се однесуваат како возрасни кога ја минуваат улицата. Но, нашето истражување покажува дека ова не е секогаш вистина на прометните патишта каде што сообраќајот не запира“, изјавила Џоди Плумерт, професор на универзитетот.

Иако повеќето деца ги одбираат истите празнини како и возрасните, тие не можат да го усогласат нивното движење низ сообраќајот како возрасните.

6-годишните деца имале најголем ризик да бидат повредени

Тимот од универзитетот поканил деца на возраст од 6, 8, 10, 12 и 14 години, заедно со група возрасни луѓе да учествуваат во експериментот. Испитаниците биле поставени во симулирана 3Д околина со сообраќај и секој од нив требало да го помине патот. Времето помеѓу возилата на патот било од 2 до 5 секунди, а секој требало да го помине патот 20 пати. Резултатите биле навистина интересни.

Се открило дека 6-годишните деца биле „удрени“ 8% од времето, 8-годишните 6%, 10-годишните 5%, 12-годишните 2%, а 14-годишните деца и постарите немале несреќи. Ова може да се објасни со фактот дека кога детето полни 14 години, постепено ги развива двете важни вештини за минување на улицата:

  • Станува подобро во анализирање на празнините во сообраќајот
  • Побрзо згазува на улицата по поминувањето на автомобилот, за разлика од помалите деца

Резултатите очигледно покажуваат дека родителите на помладите деца треба да преземат дополнителни мерки.

Што препорачуваат експертите?

Научниците веруваат дека е подобро да бидете трпеливи кога станува збор за тоа да го пуштите детето само да ја помине улицата. Кога ќе го научите да ја минува улицата, охрабрете го да ги одбира празнините во сообраќајот што се поголеми од тие што ги одбирате за вас.

Погледнете и кои се работите што не треба да ги правите додека возите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар