Необично семејство преку неодоливи фотографии ни покажува дека љубовта е најважна

Ова семејство е малку необично, ако ги гледаме вообичаените стандарди. Тоа се состои од младо девојче, нејзините разведени родители и новиот вереник на мајка ѝ. Според една неодамнешна студија, околу 40% од браковите вклучуваат сопружник кој веќе кажал „Да“ барем еднаш во својот живот. Но, тоа што е необично во овој случај, е што сите членови функционираат одлично едни со други. Во една вирална објава на Фејсбук, што била споделена над 136 илјади пати, „бонус таткото“ од Хабард, Тексас – Дилан Ленокс, ја објаснува топлата врска помеѓу сите 4 членови на ова мешано семејство и ве убедува дека сè може да функционира, ако има желба од сите страни.

Нашата ќерка Вилоу. Ти никогаш нема да знаеш колку твојата љубов нè смени сите. Мажот од лево сум јас (тато, тато Дилан или бонус тато), во средината е секако нашата принцеза Вилоу и мажот од десното е Давид (тато, тато Давид или биолошкиот тато). Не, ние не сме истополов пар, но делиме ќерка. Давид е бившиот маж на Сара, а јас сум ѝ новиот вереник. Ние се обликувавме себеси во уникатно семејство, за нашите деца да ја дознаат моќта на љубовта. Не само што добив ќерка, туку добив и брат и најдобар пријател. Ти благодара Сара, што дозволи ова да се случи.

Кога се грижиме повеќе за нашите деца (на двете страни од групата) отколку што општеството нè научило, тогаш ѕидовите паѓаат и животот ќе биде без омраза или каење и нашите деца ќе ги срушат „будалестите“ норми што медиумите ни ги наметнуваат. Тој престојува во вашиот дом кога доаѓа на посета, бидејќи семејството е секогаш добредојдено кај нас. Тој не е аутсајдер, тој е и засекогаш ќе биде дел од мојот живот поради едноставниот факт дека ја делиме истата ќерка. Секако, ниту еден ваков момент не би можел да постои без Сара (мама) и нејзиното дарежливо срце! Вилоу Грејс, ти си сакана од многу луѓе на овој свет и твоите татковци те сакаат!

П.С. Давид е сингл!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар