Смешни изјави од корисниците на Твитер: Што треба да имате постигнато до 35-годишна возраст?

Смешни изјави од корисниците на Твитер: Што треба да имате постигнато до 35-годишна возраст?

Хенри Хајмлих го открил неговиот познат метод на 54-годишна возраст. Сер Френсис Чичестер имал 65 години кога сам пловел околу светот. Никогаш не сте престари за да постигнете нешто големо, но едноставно постојат некои работи кои треба да ги постигнете навреме. Корисниците на Твитер почнале да споделуваат што мислат дека треба да имате постигнато до 35-годишна возраст и на смешен начин опишуваат како се чувствуваат денешните возрасни.

Смешни изјави од корисниците на Твитер: Што треба да имате постигнато до 35-годишна возраст?

Сè започнало кога веб-сајтот MarketWatch објавил текст во кој советувал дека до 35-годишна возраст би требало да имате заштедено дупло од вашата плата. Луѓето веднаш почнале да ја критикуваат оваа цел и почнале да нудат нивни алтернативи. Па, погледнете што треба да имате постигнато до 35-годишна возраст според корисниците на Твитер.

„До 35-тата година треба да имате куп пластични садови и капаци кои не се совпаѓаат. Едноставно имате неколку капаци и садови што ви паѓаат секогаш кога ќе ја отворите вратата.“

„До 35-годишна возраст треба да ја имате поминато фазата во која сте верувале дека 90-тите биле пред само 10 години.“

„До 35-годишна возраст треба да имате стол во спалната соба за облека која не е доволно валкана за перење, но ве мрзи да ја соберете.“

„До 35 години треба да ви е јасно дека сите глумат и никој не знае што всушност прави.“

„До 35-годишна возраст треба да ги имате забележано сличностите со вашите родители за кои сте се колнеле дека нема да ги прифатите.“

„До 35 години треба да имате фиока полна само со пластични кеси во кои има други, помали пластични кеси.“

„До 35 години треба да имате барем 40 години искуство за почетна позиција во некоја фирма.“

„Слушајте, Меган Маркл не беше војвотка сè додека не наполни 36, па престанете да ми кажувате што треба да имам направено до 35-годишна возраст.“

„До 35-тата година треба да имате колекција изговори за откажување планови.“

„До 35 години треба да го имате направено првиот милион. Го направив. Првиот милион грешки.“

„До 35-годишна возраст треба да можете одново да го гледате Бриџит Џоунс и да си помислите: ‘Имаш само 30 години и можеш да си дозволиш да живееш сама?’“

„До 35-годишна возраст треба да можете да го кажете зборот вагина без да поцрвените.“

„До 35 години треба да научите како да бидете задоволни од личноста којашто сте.“

„До 35-годишна возраст веќе би требало да имате направено и сокриено барем 3 хоркрукси, според Волдеморт.“

„До 35-годишна возраст би требало да имате најмалку 35 години.“

„До 35 години би требало да имате слика на вашиот таван што старее и ја открива вашата внатрешна расипаност, додека вашето лице останува постојано младо и чисто.“

„До 35 години би требало да го имате собрано барем првиот 151 Покемон.“

„До 35-годишна возраст треба да прифатите дека капитализмот полека ќе го исцеди животот од вас додека сопствениците на бизниси неразумно се богатат на грбот на нивните работници.“

„Експертите велат дека до 35-годишна возраст би требало да имате извлечено меч од камен или езеро. Одберете едно.“

„До 35-годишна возраст би требало да имате 10 евра.“

„До 35-годишна возраст треба да имате зачувано двојно повеќе научни трудови отколку што можете да прочитате во целиот живот.“

„До 35 години би требало да имате 35-годишно искуство како човек на Земјата.“

„До 35-годишна возраст треба да имате ваша интерпретација за квантната механика.“

„До 35-годишна возраст треба да бидете 3 години во гроб откако сте ги освоиле Грција, Египет, Мала Азија, Персија и Индија.“

„До 35 години би требало да не знаете колку точно години имате. Ќе кажувате дека имате 35, но нема да бидете сигурни. Нема да бидете сигурни за ништо.“

„До 35 години би требало да ви биде јасно дека вашата менструација прескокнува еден ден и секогаш кога мислите дека завршила, не треба да бидете изненадени кога ќе се врати наредниот ден.“

Погледнете ги и проблемите со кои се има соочено секоја девојка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар