Што сè имаме оставено на месечината?

Што сè имаме оставено на месечината?

Во јули, 1968 година, Нил Армсторнг и Баз Олдрин оставија печат во историјата, како првите луѓе кои стапнале на површината на месечината. Пред да заврши мисијата на Аполо во 1972 година, беа направени уште 5 успешни мисии до месечината. Да не ги заборавиме и неуспешните летови по првото урнување на Луна 2 на површината на месечината во 1959 година. Како и да е, досега имаме испратено околу 500.000 килограми човечки артефакти до нашиот природен сателит. Па да видиме, што точно оставивме таму зад нас?

Некои од работите се прилично очигледни. Повеќе од 70 вселенски возила останаа на месечината од едноставна причина – тие се премногу тешки и не вредат да бидат вратени. Овие возила ја сочинуваат поголемата маса од објектите оставени на месечината.

Дел од работите кои се оставени се отпад од патувањето на астронаутите, како обвивки од храна, влажни марамчиња и околу 100 пакети човечка урина и столица.

Астронаутите на Аполо фрлале алати и телевизиска опрема која повеќе не им била потребна. Тие се ослободувале од тежината на нивното возило, за да направат повеќе место за примероците земени од површината на месечината. Како замена за тоа што го оставиле, мисионерите на Аполо успеале да донесат 850 килограми камења и почва од месечината.

Биле поставени и шест Американски знамиња, кои најверојатно избледеле досега, како и фотографијата на Чарлс Дук со неговото семејство, што тој самиот ја оставил таму. Постојат и две топчиња за голф таму некаде, по обидот на Алан Шепард, да ги зароби во ниската гравитација.

Модулот Аполо 11 е сè уште таму, означен со плоча на која пишува: „Луѓето од планетата Земја, први стапнаа овде на месечината, во јули 1969 година. Доаѓаме во мир за целото човештво.“ Пораката го покажува триумфот на слетување на месечината за човештвото како целина и покрај војната помеѓу Американските држави и Советскиот Сојуз, која всушност ја поттикна трката за „освојувањето“ на нашиот природен сателит. Во истиот дух, астронаутите оставиле и два медала, кои им биле доделени на покојните советски космонаути Јуриј Гагарин и Владимир Комаров, пионери во вселената кои загинале во трагични несреќи.

Гагарин и Комаров не се последните луѓе кои биле овековечени на месечината. Во 1998 година, пепелта на астрологот Гене Шумекер била испратена таму, и потоа расфрлана низ месечевата прашина.

Отпечатокот на човечкото стапало, остави траги на месечевата површина на повеќе начини. Една од најпознатите фотографии од месечината е на Баз Олдрин со неговиот отпечаток. Со буквално никаква атмосфера (нема ветер да ја еродира почвата), тој отпечаток најверојатно сè уште стои таму. Со понатамошните мисии на НАСА до месечината, предвидени за 2024 година, луѓето со сигурност ќе остават уште повеќе отпечатоци.

Автор: Ана Патриклиева


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар