11 интересни и чудни факти за книгите што ќе ве зачудат

11 интересни и чудни факти за книгите што ќе ве зачудат

Нема ништо подобро од друштвото на добра книга. Книгите имаат моќ и ви даваат привремено бегство од вашиот живот. Во принцип, тие се магија. Страсните читачи имаат долга историја со книгите која обично започнува уште во матката или веднаш по раѓањето, благодарение на родителите и нивната желба да ви го збогатат мозокот. Затоа воопшто не изненадува тоа што сте најсреќни кога читате книга.

Иако можеби сте пристрасен читач и знаете многу во врска со книгите што сте ги прочитале, постојат шанси да не знаете сè за книгите. Изненадувачки, постојат голем број помалку познати факти за книгите кои се доста интересни. Бидејќи очигледно сакате да читате и да учите нови работи, ние одлучивме да ви претставиме некои од најинтересните факти за книги кои ќе го зголемат вашето знаење.

1. Постојат над 129 милиони книги

Неверојатни 129.864.880 книги биле издадени до 2010 година, според Гугл. Бројката сега е очигледно многу повисока. Следниот пат кога ќе помислите „Оф, не можам да пронајдам добра книга“, знајте дека имате поголем избор одошто сте мислеле.

2. Најскапата книга била продадена за 30,8 милиони долари

Станува збор за „Лестерски кодекс“ (Codex Leicester) од Леонардо Да Винчи, купена од страна на Бил Гејтс. Не грижете се, тој сигурно си ги вратил парите за само еден час.

3. Постои збор за љубовта кон мирисањето стари книги

Миризба на стари книги, арома од прашина и многу историја. Библиосомија е зборот по кој сте биле во потрга целиот живот.

4. Најдолгата испечатена реченица имала 823 зборови

Сигурно се прашувате како е можно, но ова е легитимна реченица која се наоѓа во „Клетници“ (Les Misérables) од Виктор Хуго, според Барн и Нобл.

5. Во минатото, имињата на авторите не се печателе на корицата од нивните книги

Кориците на првите испечатени книги се сметале за уметнички дела. Тие биле исполнети со цртежи, кожа, дури и злато, па немало место за името на самиот автор.

6. Првата книга која е напишаа на машина за пишување била „Авантурите на Том Соер“ (The Adventures of Tom Sawyer) од Марк Твен

Марк сигурно имал многу мастило и трпение.

7. Претседателот Теодор Рузвелт читал по една книга на ден

Е, ова го нарекуваме посветеност на читање.

8. Најчитаните 3 книги во светот се…

Библијата, „Цитати од претседателот Мао Це Тунг“ (Quotations from Chairman Mao Tse-tung) и „Хари Потер“ (Harry Potter).

9. Луѓето од Исланд читаат повеќе од кој било друг

Можеби има врска со времето или едноставно се научени да ги сакаат книгите. Како и да е, Исланд води во читањето!

10. „Алиса во земјата на чудата“ (Alice in Wonderland) е базирана на вистинско 10-годишно девојче

Нејзиното име било Алиса Лидел и нејзината фамилија била блиска со авторот Луис Карол. За време на едно нивно патување, таа побарала од Луис да ѝ раскаже приказна и вака настанала Алиса во земјата на чудата.

11. Неписменоста сè уште е голем проблем во светот

Еден од пет возрасни во светот не знае да чита или пишува. Најголем процент на неписменост е забележано во Јужна и Западна Азија, како и во делови од пустината Сахара во Африка.

Автор: Ана Патриклиева


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар