Што покажува редоследот на раѓање за вашиот љубовен живот?

Заљубувањето не ви е одредено од ѕвездите, тоа е одредено со вашето раѓање.

Што покажува редоследот на раѓање за вашиот љубовен живот?

Кога станува збор за романтични врски, сите имаат карактерни црти кои веднаш се забележуваат и привлекуваат. Без разлика дали станува збор за премногу самоуверено момче или тајно романтичен тип, тешко е да се одреди што ги прави овие особини на личноста толку привлечни.

Но, вашиот карактер и тоа како и во кого се вљубувате, има многу голема поврзаност со редоследот на вашето раѓање и улогата што ја играте во семејството, а тоа го навестува видот на врска што ќе ја имате во иднина.

Вилијам Кејн, автор на книгата „The Birth Order Book of Love“ („Редослед на раѓање, книга за љубовта“), напоменува дека вашата личност е директно поврзана со тоа како комуницирате со другите луѓе. Ова има смисла бидејќи први луѓе со кои се поврзувате во животот на емотивно ниво се вашите браќа, сестри и родители.

Доколку сте првородени…

Вие сте природно роден лидер и можете да ја преземете контролата врз секоја ситуација. Провородените се сметаат за стереотипно посигурни, поамбициозни и повредни од помладите браќа и сестри и со право е тоа така. Ова значи дека сте многу сигурни во вашата врска и сте професионалци кога станува збор за планирање.

Доколку сте второ дете…

Не се плашите да го следите текот на нештата, но понекогаш сте тврдоглави (особено кога станува збор за чување тајни). Средните деца се совршени партнери затоа што се многу флексибилни, што може да се препише на искуството во справување со нивните постари и помлади браќа и сестри.

Доколку сте последнородено дете…

Сакате да бидете во центарот на вниманието и понекогаш сте малку бунтовни. Како бебе во вашето семејство, навикнати сте сè да правите по свое, што значи дека може да бидете малку тврдоглави кога сте во врска. Последнородените деца се поспонтани, но со помала веројатност да бидат контролирани.

Доколку сте единствено дете…

Не само што сте одговорни, вие сте, исто така и многу објективни. Многу сте зрели и сериозно пристапувате кон партнерот.

Иако вашиот успех во врските е дефинитивно под влијание на тоа кој е вашиот редослед на раѓање, исто така треба да се напомене дека за да имате успешна и среќна врска, треба да бидете подготвени да се вложите во неа. Комуницирајте, бидете отворени и запомнете дека во врската сте вклучени и двајцата.

Можеби често гледате 111? 333? Тоа се ангелски броеви и низите имаат значење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар