Гледате 111? 333? Тоа се ангелски броеви и низите имаат значење

Гледате 111? 333? Тоа се ангелски броеви и низите имаат значење

Дали понекогаш здогледувате броеви кои се повторуваат каде и да погледнете? Треба да обратите внимание на тоа за што размислувате, што правите или планирате во тој момент – броевите се обидуваат да ви кажат нешто.

Гледате 111? 333? Тоа се ангелски броеви и низите имаат значење

Вашиот мозок гледа повеќе од она на што свесно се фокусирате. Тој го прави овој важен процес на филтрирање на информациите, за вие да можете да го задржите вниманието на една работа истовремено. Психолошки гледано, ова може да биде наречено Бадер-Меинхоф комплекс или селективно внимание. Во основа, вашиот мозок го бара она што сака да го види за да си потврди нешто.

Па, зошто постојано бара броеви што се повторуваат? Првата причина може да биде затоа што вие сакате да ги видите, бидејќи тие броеви се важни за вас. Ова е ваш сопствен начин за самопотврдување и тој е многу моќен. Меѓутоа, другите луѓе ги нарекуваат овие „броеви на ангелите“, затоа што се верува дека суптилните метафизички енергии може да ви го свртат вниманието кога сакаат и да ви испратат порака.

Еве што значи секоја серија броеви, или ангелски низи од броеви:

111 – Вие сте на вистинскиот пат

Кога ќе видите 111, вие се трудите да си кажете себеси дека ако продолжите по патот на којшто сте, многу брзо нешто ќе добиете. 111 често се смета за највисоката и најбожествената бројка од сите броеви, затоа што е најчиста (на пример, ако двојноста е претставена со 2, тогаш единственоста, крајната вистина на Универзумот е 1).

222 – Треба да изберете мудро

Бројот 2 претставува дуалност (двојност) (ден и ноќ, добро и зло, светло и темно). Кога постојано го гледате бројот 2, тоа значи дека треба да бидете внимателни и да се фокусирате повеќе на она што го сакате отколку на она што не ви е по желба. Ако не сте внимателни, може да завршите не добивајќи ништо.

333 – Вие сте во состојба на баланс

Бројот 3 претставува божественост и трансценденталност. Здогледувањето 333 одново и одново значи дека сте на пат да ги надминете вашите тешкотии и да го реализирате вашиот вистински потенцијал. Тоа значи дека ја надминувате тешката состојба и го избирате најдобриот можен пат. Исто така, значи дека сте поддржани од Универзумот во тоа.

444 – Вие сте заштитени

Дури и ако се чувствувате изгубено или отфрлено, или дека сте во неизвесност во овој момент, знајте дека 444 значи дека сте заштитени и водени од некого. Наместо да се запрашате зошто не сте го направиле нештото што сте го посакувале, запрашајте се од што се штитите. Ако се двоумите кој партнер или кој пат да го изберете, кога гледате четворки, треба да знаете дека го правите вистинскиот избор.

555 – Нештата се менуваат

Ако се чувствувате исцрпено, презаситено и вашите напори ви се чинат залудни, не грижете се: ако гледате петки значи дека животот ви поминува низ период на трансформација. Во моментов, работите се движат напред, дури и ако не ги согледувате резултатите. Продолжете да верувате и ќе успеете.

666 – Бидете внимателни со вашите мисли и постапки

Фолклорот (и одредени религии) веруваат дека присуството на шестките укажува на зло и негативност. Во реалноста, тоа е начин на кој ви се укажува дека не сте на вистинскиот пат и треба да размислите за вашите мисли, идеи и планови кога ќе ги видите овие броеви. Направете чекор назад и преиспитајте ги вашите планови. Ова е предупредување дека размислувате или дејствувате премногу егоцентрично.

777 – Вие сте посилни отколку што мислите

Гледањето на седумките е начин да се потсетите дека имате поголема внатрешна сила отколку што самите претпоставувате. Тоа значи дека треба да ослободите каков било страв или грижа што можеби го имате и навистина да се заложите повеќе во иднина. Ќе ви се случат убави нешта.

888 – Вие сте раководени од божественото

Бројот 8 понекогаш се повторува за да претстави знак за бесконечност, но исто така, може да ја претстави и вашата вечна поврзаност со сè што се случува. Здогледувањето на осумки што се повторуваат значи дека треба да се потсетите на вашата вистинска природа и да се раководите според вашиот најголем потенцијал. Обрнете внимание на она што го слушате, гледате и сонувате во наредните денови.

999 – Деветките се симбол на заокружување (завршување на некоја фаза)

Тоа значи дека една етапа од вашиот живот завршува, но не значи дека тука е крајот, туку дека следи трансформација. Ова е начин да се потсетите дека дури и ако нештата се менуваат, не значи дека ќе изгубите сè што ви е важно. Одредени работи во вашиот живот се случуваат за конечно да пристигнат нештата кои ги заслужувате.

Можеби сакате да го решите и овоj тест и да проверите колку е развиено вашето апстрактно размислување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар