Како да направите домашни коцки за супа?

Коцките за супа се една од главните состојки на многу јадења. Затоа вреди да одвоите малку време и да направите домашни коцки за супа. Сигурни сме дека тие ќе бидат поздрава варијанта и ќе бидат полни со вкус и арома.

Како да направите домашни коцки за супа?

Потребни состојки:

  • 2 лажици масло
  • 1 главица лук
  • 2 лаворови листа
  • 5 суви печурки
  • 2 главици кромид
  • 2 стебленца целер
  • ¼ главица целер
  • 3 моркови
  • 1 китка магдонос
  • 100 г морска сол
  • 2 лажици црвен пипер
  • 1 лажица куркума
  • 1 лажица оригано
  • 1 лажица мајчина душица
  • 1 лажица благ буковец
  • ½ лажици лут буковец
  • 2 чаши вода
  • 2 лажици доматно пире
  • 2 лажици темен соја сос
  • 2 лажици магдонос
  • 50 г сув квасец

Начин на подготовка:

  1. Во тава загрејте го маслото. Ситно исечкајте го кромидот на коцки и пропржете го.
  2. Додајте го пиперот, лаворовиот лист, лукот и исечканите печурки.
  3. По некое време, додајте ги исечканите стебленца од целер и добро промешајте.
  4. Исечкајте го коренот од целер, морковот и магдоносот на ситно и додајте ги во тавата. Пржете околу 10 минути со мешање.
  5. Додајте ги сите останати зачини, промешајте и додајте две чаши вода. Гответе 10 минути.
  6. Додајте го доматното пире, соја сосот, магдоносот и сувиот квасец. Отстранете го лаворовиот лист од тавата. Истурете ја смесата во калапи за мраз и чувајте ја во замрзнувач.

Можеби сакате да го прочитате и веганскиот рецепт: здрав карфиол во облик на „Mac and Cheese“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар