Еден научник од Оксфорд тврди дека одењето на работа или на училиште пред 10 часот има ефект сличен на мачење

Еден научник од Оксфорд тврди дека одењето на работа или на училиште пред 10 часот има ефект сличен на мачење

Научникот од универзитетот Оксфорд, д-р Пол Кели неодамна открил нешто што веројатно влијае на сите нас. Тој ги истражувал методите на мачење во денешното, модерно време и открил дека одењето на училиште или на работа пред 10 часот наутро е најлошиот современ облик на мачење.

Еден научник од Оксфорд тврди дека одењето на работа или на училиште пред 10 часот има ефект сличен на мачење

Д-р Кели вели дека секој од нас има свој „телесен часовник“, познат како „циркадијански ритам“. Овој часовник е претходно програмиран и не може да се менува, затоа принудувањето да се разбудиме многу порано значи дека одиме против нашиот внатрешен часовник, а тоа може лошо да се одрази на нашето здравје.

Активностите пред 10 часот наутро може да предизвикаат емоционален и физички стрес, што може да доведе до некои здравствени ризици.

Тој ја тестирал својата теорија во едно училиште во Велика Британија, каде го поместил почетокот на часовите од 8:30 во 10 часот и дошол до заклучок дека по некое време се подобрило нивото на посетеност на часовите и општата продуктивност на учениците. Било забележано подобрување и во успехот на учениците.

И, зошто сè уште се бориме?

Осумчасовните работни денови биле создадени на почетокот од XX век за да се зголеми продуктивноста на работниците во фабриките. Работодавците не го земале предвид биолошкиот часовник на телото, кој се разбира, треба да се усогласи со сончевата светлина, а не со распоредот на обврските на луѓето.

За жал, ние сè уште сме заглавени во стариот систем и не размислуваме за тоа што нашето тело природно сака. Ако сите ги слушаат своите тела и се будат природно, нивната работа ќе биде многу попродуктивна и фокусирана, а луѓето ќе бидат посреќни.

Утопија или не: времето наутро треба да го искористите за себе и за вашиот личен развој, медитација, вежбање, длабоко дишење, планирање на денот, читање. Треба да имате и здрав појадок, а не избезумени да се подготвувате и да трчате на училиште или на работа. Работата и учењето треба да започне во 10 часот и да трае до 14 часот, според овој научник.

Можеби сакате да прочитате и за истражувањата кои покажале дека чувањето деца дома може да биде потешко од одењето на работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар