Истражувањата покажале дека чувањето деца дома може да биде потешко од одењето на работа

Децата се најважни во животот. Ова би го рекол секој родител. Тие се бескраен извор на среќа, гордост и радост за родителите низ целиот свет. Точно е дека можеме да ги сакаме децата повеќе и од самите себе, но тие можат да нè полудат до тој степен да посакаме да го напуштиме домот и да избегаме некаде далеку.

Причината е дека децата бараат поголем емоционален напор отколку вашата работа што ја сакате, а посебно внимание и напор бараат новороденчињата. Ова не е изненадувачко. Да се има бебе значи хранење, смирување, капење, облекување, играње и многу други работи. Сите тие активности можат да предизвикаат умор и стрес многу повеќе отколку среќа и задоволство. Повеќето родители кои остануваат дома можат да се согласат со ова.

Ако родителот кој оди на работа остане еден ден дома со неговото дете, најверојатно е дека со нетрпение ќе чека да се врати на работа.

Во едно истражување спроведено во Велика Британија, се покажало дека голем број родители се чувствуваат под поголем стрес кога се дома со нивните деца отколку кога се на работа. Во студијата биле вклучени 1.500 мајки и татковци од различни места од државата кои биле вработени или кои останувале дома.

Добиени се следниве резултати од истражувањето:

  • 25% изјавиле дека имањето бебе е лесно
  • 55% се согласиле дека чувањето бебе е исцрпувачко
  • Откако го добиле првото дете, 40% престанале да ги осудуваат другите родители кога подоцна се жалеле од своите деца
  • 31% мислат дека останувањето дома со дете предизвикува повеќе стрес отколку одењето на работа
  • 45% од жените се потпирале на советите од нивните мајки наместо од други извори (обуки, книги за самопомош)
  • 71% мислат дека социјалните медиуми создаваат натпревар помеѓу родителите затоа што секој се труди да биде доволно добар како некој друг
  • 39% признале дека се уморни постојано
  • 9% се загрижени за навиките за спиење на нивното дете
  • 22% се несигурни околу навиките за јадење на нивните новороденчиња
  • 27% мислат дека мораат да бидат совршени родители

Покрај овие резултати, 42% од родителите кои учествувале во студијата веруваат дека откако станале мајки и татковци за првпат тие чувствувале чиста, неизмерна љубов за нивните деца.

Вистината е дека чувството што секој родител го доживува кога ќе го види неговото дете среќно, здраво и успешно е исполнето со задоволство какво што не може да се спореди со ниедно друго. Но, грижата за децата е исполнета и со големо количество стрес.

Покрај тоа што луѓето кои имаат деца вообичаено не се жалат за негативните страни на родителството повеќето од нив сакаат да го направат помалку стресно чувањето деца во домашни услови.

Еве зошто било корисно да се спроведе истражување кое би им помогнало на новите родители да ги надминат грижите.

„Станувањето родител е неверојатно искуство. Ние го разбираме целосно тоа ново поглавје од животот кое може да донесе големо количество стрес и грижа, па сакавме да откриеме повеќе за тоа што го доживуваат новите родители во првите неколку години. Повеќе за тоа што тие би сакале да го знаат со цел да ги поддржуваме“, изјавила Ребела Бенет, експерт за бебешка кожа.

Ако и вие сте нови родители, резултатите од ова истражување ќе ви бидат утешни. Знаете дека не сте единствени и дека се работи за фази низ кои мора да поминете додека ги одгледувате вашите деца.

Погледнете и како еден психолог на оригинален начин објаснува како изгледа родителството.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив што ја придвижува гласи: „Остани своја и поинаква. Само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар